Top

Каролина Гочева со синглот „Ѕвона“ го најави својот деветти албум

Каролина Гочева на своите обожаватели им подари нова песна пропратена со видео запис. 37-годишната пејачка ја објави својата песна „Ѕвона“, како најава за својот деветти студиски албум.

Таа на својот фејсбук профил напиша:

За сите што ни се во срцата, а не се со нас… И сите песни да стивнат, сите рози да се скинат, љубовта не исчезнува! Се надевам дека ќе уживате во нашава топла приказна, прва од новиот албум што за Вас со огромна љубов го подготвуваме.

Инаку, песната е дело на Никола Мицевски, зборовите ги напиша Весна Малинова, а видеото го потпишува Мелем.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *