Top

Малку шмизли, по некој непристоен предлог и една љубов – Дарко Илиевски

Почетокот на неговата јавна кариера, е поврзан со изборот на “Идол” во Бугарија. Ама и пред почетокот на ова шоу, тој свирел во кафулињата и дискотеките во Македонија.
“Со самото појавување на Идол многу работи се сменија во мојата кариера за сега сè да оди како што ми е замислено”!
ТОЈ неуморно работи на албумот, па кон крајот на декември или почетокот на јануари треба да се појави неговото првенче на кое ќе се потпишат Лазар Цветкоски како главен продуцент и композитор, Магдалена Цветкоска како главен текстописец, Раде Врчаковски-Врчак како композитор и текстописец.
“Ќе се појавам и јас во една песна како композитор, ама и Влатко Лозаноски ќе биде композитор на една песна и тоа е тимот којшто неуморно работи на албумот”.

Кое ти е животно мото?
“Утре е нов ден, од утре сум посилен”.

Брзи автомобили или бесни мотори?
“Ниту брзи автомобили, ниту брзи мотори! Сакам убави и удобни автомобили, ама не сакам брзо возење. А за мотори не сакам да чујам… Имам страв од мотори :)”.

Колку време поминуваш пред огледалото?
“Многу малку. Не сум нарцис, се гледам во огледало само по потреба”.

Кога би имал неколку девизни милиончиња…?
“Уфф… што би било кога би било! Па веројатно би ги инвестирал во нешто интересно. Би донирал да се игради установа за згрижување на децата од улица и уште многу други работи коишто сега во моментов не ми текнуваат”.

Што би сакал да бидеш кога ќе пораснеш?
“Ха, ха, ха, кога ќе пораснам сакам да бидам работник во авто-перална :)”.

Со кого сакаш да го поминуваш слободното време?
“Слободното време го поминувам со мојата внука која ме исполнува максимално и прави да заборавам на сите секојдневни проблеми”.

Каков ти е љубовниот статус во моментов? Имаш ли девојка или имаш, ама не е за во јавност?
“Љубовниот статус… хммм… па супер е во моментов. #$%^&*(*&^%$#%^&* за во јавност”.

Како се справуваш со шмизли?
“Не се справувам со шмизли. Во последно време не сум налетал на такви”.

Ти приоѓаат ли често девојките?
“Ми приоѓаат и многу сум среќен поради тоа. Некои доаѓаат како фанови, некои девојки за нешто друго. Ама, барем за сега, сè е во границите на нормалата”.

Добиваш ли непристојни предлози? Ќе ни откриеш нешто?
“Добивам и интересни и невкусни и вкусни… Но во последно време доминираат невкусните :). Имам многу понуди од момци коишто сè уште не разбрале дека сум по жените”.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>