Top
tajzi-ilike-mk

Тајзи со песна и емотивен спот за неговиот починат другар

Чувај ни га Боже“ е новиот сингл на Тајзи испеан на кумановски дијалект, а е посветен на неговиот починат другар Гешо. Зборовите на песната се дело на Тајзи, а музиката и аранжманот ги потпишува Роберт Билбилов. Во видеото, чиј режисер е Дарко Манасијески – Желе, се појавуваат сите другари на Гешо, како и неговата сестра.

tajzi-ilike-mk-2

На снимањето на видео клипот Тајзи изјави:

Плачам и се смеам. Плачам затоа што нѝ фалиш секој ден сè повеќе, а во исто време сум среќен затоа што со песнава осеќам дека дел од тебе уште живее во нас. Почивај во мир, голем човеку!




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *