Top

Меди Зиглер повторно воодушевува со својот танц на песната „Cheap Thrills“ од Сиа

Сиа го објави видеото за радискиот хит „Cheap Thrills“, а во истото повторно можеме да уживаме во неверојатната танц изведба на 13-годишната Меди Зиглер.

Талентираната Зиглер веќе неколку години соработува со австралиската ѕвезда Сиа, а досега беше дел од нејзините спотови за хитовите „Chandelier“, „Elastic Heart“ и „Big Girls Cry“, кои кумулативно се погледнати 1,7 милијарди пати само на јутјуб. Видеото е во режија на Даниел Аскил и Сиа, а кореографијата е направена од страна на Рајан Хефингтон, кој работеше и на кореографиите за нејзините претходни спотови.

Инаку, песната „Cheap Thrills“ првично била напишана за Ријана, но таа одбила да ја сними.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *