Top
Tamara-Brod-Shto-Tone-iLike-mk

Тамара Тодевска со артистички спот за „Брод што тоне“

Во емотивна љубовна приказна раскажана преку танц со светло-сенки, Тамара Тодевска го претстави новиот спот за второнаградената тема на Скопскиот фестивал 2014, „Брод што тоне“.

Матичната куќа на Тамара, „Горила Филмс“ е продуцент на записот. Спотот се снимаше на главната сцена во МНТ.

Комплетен музички автор на песната е Роберт Билбилов. Кореографијата во спотот ја осмисли Олга Панго, а танците ги изведуваа врвни македонски балетски играчи. Директор на фотографија на спотот е Александар Крстевски, додека режијата и монтажата се на Горан Костадинов.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>