Top
Bojan-Damjanoski-iLike-mk

Бојан Дамјаноски со одличен кавер на хитот „Thinking Out Loud“ од Ед Ширан

Овој кавер е само мала најава за големиот проект кој го подготвува младиот и талентиран Бојан Дамјаноски, а кој ќе се појави кон крајот на оваа пролет.

Дамјаноски вели:

Се одлучив за оваа песна затоа што е една од најубавите кои сум ги слушнал во мојот живот. Песната веќе долго време е на врвот на светските топ-листи. И сосема заслужено со оглед на одличниот текст. Пред да се одлучам да ја снимам оваа нумера се консултирав со неколку мои колеги, кои само ми дадоа зелено светло да седнам во студио и да направам кавер-верзија на истата. Сакам да се заблагодарам на екипата од моето „Маало“ каде го снимавме ова видео. Искрено се надвам дека ќе ви се допадне.

Песната е снимена во студиото на „Тhe Next Level Production – TNL“ на Христијан Ѓоргиевски. За придружните вокали се погрижи Симона Стојковска, тапаните се на Оливер Стојкоски, а за бас-гитарата беше задолжен Ѓоко Срезоски.
Како режисер на видеото се потпишува Марио Манески.

Автор: Марија Мирч




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>