Top
kombinezon

Сокријте ги недостатоците на телото со комбинезон

Комбинезонот е одлична дневна комбинација, но и супер избор за свечени прилики. Дамите ги обожуваат поради нивната специфичност, но тие и кријат бројни недостатоци кои ја нарушуваат фигурата на телото. Ова модерно едноделно парче облека пред половина деценија го прославил модниот генијален ум Yves Saint Laurent, кој сакал да ја истакне женственоста. Денес, комбинезонот е водечки избор на многу дами за обични и специјални прилики.

При избор на ова парче облека мора да бидете внимателни, бидејќи без оглед на тоа што има едноставен крој, не е лесно прилагодлив на секое тело. За да ги избегнете недостатоците како визулено кратки нозе, широки колкови или струк, треба да внимавате на следниве неколку нешта.

1. Со оглед на тоа дека комбинезонот визуелно ја скратува фигурата, основно правило е да го комбинирате со високи потпетици. Ниски обувки доаѓаат во предвид само за широките модели. Набраните ногавици одлично би се комбинирале со чизми до глужд.

2. За да го избегнете потенцирањето на долниот дел и подрачјето околу колковите и струкот, ставете марама околу вратот или голем гердан. Во ова би ви помогнало и горен дел од кобинезон со нагласено деколте.

3. Тенок или масивен ремен позициониран во делот на струкот ќе ги истакне вашите облини и ќе ве направи женствени.

4. Кратката, струкирана јакна или палто одлично прилега на комбинезон. Избегнувајте кроеви на палто до половина.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *