Top
jasna-4

Привлечно, удобно и секси со Јасна Лековска за women’secret

Секоја сезона women‘secret се стреми да ги исполни барањата и желбите на понежниот пол, притоа да им понуди нешто ново и тренди. Women‘secret е бренд кој прави да се чувствувате привлечно, удобно и секси секојпат кога ги носите парчињата, без разлика дали се работи за долна облека, пижами или пак костими за капење. Секоја жена се разликува по возраста, професијата, потребите, желбите, но секогаш има нешто што ги спојува, а сето тоа се содржи во women’secret.

Јасна Лековска – по професија адвокат, но по струка пилатес-инструктор и сопственик на студиото „Тринити“, е една од девојките кои го отсликуваат брендот. Самоуверена, ведра, фит, природна, инспиративна, се само дел од карактеристиките кои ја одликуваат и ја прават посебна. Одржувањето во форма, грижењето за природниот изглед, промовирањето на здрава исхрана, вежбањето на умот и телото, се есенцијалните работи кои се применуваат во секојдневието на Јасна, а истите се совпаѓаат со тоа што women‘secret сака да го пренесе.

Women’secret заедно со Јасна Лековска изработи водич, кој вклучува совети за тоа како да се чувствувате привлечно, удобно и секси во текот на целата година!

За фотографија беа задолжени дуото Ани и Дими, а за шминка и фризура се погрижи Игор Марков. Водичот може да го пронајдете во продавницата на women’secret во Скопје Сити Мол, како и во студиото „Тринити“.

jasna_1

jasna_1a

jasna_1b

jasna-2

jasna-3

jasna-5

jasna-6

jasna-7

jasna-8

Jasna-9




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *