Top
Bitsiani

Нов стилски водич за матуранти од „Bitsiani“

Втора година по ред, модниот бренд „Bitsiani“ подготви каталог со предлози за матурскиот изглед на момците. Во таканаречениот стилски водич за матуранти може да се најдат десет предлог комбинации соодветни за матурската вечер, но и за летните денови и вечери кои доаѓаат.

Bitsiani-(1)

Bitsiani-(2)

Bitsiani-(3)

Bitsiani-(4)

Bitsiani-(5)

Bitsiani-(6)

Bitsiani-(7)

Bitsiani-(8)

Bitsiani-(9)

Bitsiani-(10)

Интензивните бои, карактеристични за „Bitsiani“ повторно се присутни кај палтата, панталоните, чевлите и додатоците. Оваа сезона особено интересна е црвената, која може да биде присутна кај едно парче или пак како целосна комбинација. За посмирен, но сепак модерен изглед тука се и светлите, нежни нијанси кои се убаво освежување во целата колекција и се лесни за комбинација на различни парчиња. Освен посвечените модели на костуми, панталони и блејзери, за матурската вечер дозволени се и за нијанса полежерни комбинации – без палто и со малку поспортски чевли.

Момците кои се облекуваат во „Bitsiani“ знаат дека деталите се клучни за комплетен изглед, па затоа во стилскиот водич можат да добијат интересни идеи како да ги вклучат во своите комбинации на необичен и уникатен начин. Џебните марамчиња, вратоврските, чевлите, ремените во боја и нивното взаемно комбинирање во однос на боите и дезените, се секогаш добар начин да се добие разигран и младешки изглед.

detali

detali-(1)

detali-(2)

detali-(3)

detali-(4)

И оваа година главната ролја во матурскиот водич ја има Вања Трампевски од агенцијата Подиум, додека пак за фотографија беа задолжени тандемот фотографи Ани и Дими, а за шминката се погрижи Зоран Шурбевски. Како локација за фотосесијата се јавува шармантниот простор на винаријата Камник.

Стилскиот водич за матуранти ќе биде достапен во продажните места на „Bitsiani“, и на уште неколку соодветни локации низ градот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *