Top

Луисана Лопилато во новата колекција на Ultimo

24 годишната аргентинска убавица Луисана Лопилато (Luisana Lopilato) блесна во новата колекција на Ultimo. Таа зрачи со сексапил и шарм, кој што комплетно се вклопува со гламурозната линија на долна облека. Извршниот директор на Ultimo, Мишел Моне (Michelle Mone), вели дека Луисана изгледа апсолутно неверојатно во нивната нова колекција, речиси како кукла, а тоа само покажува зошто оваа убавица неколкупати е прогласена за една од најсексапилните жени на шпанското списание FHM. Луисана во октомври 2011-та потпиша двегодишен договор за соработка со овој бренд. Мишел е задоволна од соработката со неа, бидејќи откако таа станала нивно заштитно лице, продажбата на Ultimo пораснала за 37%. Мишел додава: „Ми требаше долго време да ја добијам, но не сакав да се откажам. Луисана има природна убавина и јас сум воодушевена што ќе сораборуваме со неа две години“.



Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>