Top
Jeansomania-SS-2015-iLike-mk

„Џинсоманија“ – Капсулна колекција маички на „Фешн Груп“ и Јована Зука

Веќе неколку сезони по ред, проектот „Џинсоманија“ се реализира како начин на прославување на урбаната култура и тексасот како материјал кој може секогаш одново да се oживее и реинтерпретира. Оваа сезона „Фешн Груп“ во соработка со познатата македонска блогерка Јована Зука изработи капсулна колекција маици, сметајќи дека токму маичките се најдобар партнер на фармерките и останатите производи направени од тексас за современ, едноставен, но шик изглед.

Лимитираната колекција ја сочинуваат неколку модели маици, а секоја од нив пренесува интересна и досетлива порака на македонски или англиски јазик. Пораките се дело на креативната Јована, а дизајнот е на Бојан Тасевски, графички дизајнер во „Фешн Груп“. Маиците ќе бидат претставени преку посебен, интерактивен простор во рамките на Модниот викенд Скопје на 5-ти април во зградата на катната гаража Солунски конгрес. Тие исто така ќе бидат достапни и во некои од продавниците на „Фешн Груп“ за време на викендот 4-ти и 5-ти април.

A9

Дел од претставувањето на маичките е и реализираната фотосесија под наслов „Фармерки, црвен кармин и оваа маичка“, која пренесува ведро, младешко и лежерно расположение. Моделот Ангела Ѓорѓиева од агенцијата Подиум застана пред фото апаратите на тандемот Ани и Дими, за шминка и фризура се погрижи Игор Марков, додека пак стајлингот е на Јована Зука со производи од брендовите во „Fashion&Friends“ и чевли од „BATA“.

A1

A2

A3

A4

A5

A6

A7

A8

A10

A11

A12

Jeansomania-iLike-mk-F




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>