Бразилскиот топ модел Жизел Бундхен (Gisele Bündchen) е заштитно лице на есенско-зимската колекција на H&M. Колекцијата се состои од палта, блејзери, блузони и панталони со убав крој, претежно во една боја.
Освен во улога на модел, 33-годишната Жизел се јавува и во улога на пејачка за оваа кампања на шведскиот моден бренд. Таа ја преработи темата „All day and all of the night“ од The Kinks, која е поставена за преземање на iTunes. Собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Целиот проект е реализиран во Лондон.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!