Чувствувате дека имате потреба од нешто ново во вашиот изглед? Есен е. Одлично! Зборуваме за совршен рецепт на модни комбинации кои можете да ги постигнете раководејќи се според вашата креативност. Есента е годишно време во кое најмногу може да дојде до израз вашиот стил. Џемпери, капи, удобни палта, чевли, чизми, големи чанти, шалови…
Да ги проследиме нашите предлози за воведување на нешто „посвежо“ во есенскиот гардеробер:
1. Удобно палто, поширока блуза и капа, малку свежа дневна шминка и спремни сте за излегување. Едноставен аутфит кој сепак води кон поинаков и привлечен изглед, зар не?
2. Внесете малце поинтензивни бои, сепак, зборуваме за време во кое креативноста може да ја искажете со игра со боите. Интензивна сина, кралска зелена, виолетова, поизразена кафеава боја и сите нијанси на црвена, а најмногу бордо, треба да се застапени во вашиот гардеробер оваа есен.
3. Црната е исто така боја која што не смее да се запостави никогаш, па не ни оваа есен.
4. Научете да ги обожавате џемперите и шаловите.
5. Понекогаш за добар стил, потребни се само добраб чанта и квалитетни есенски чевли.
Автор: Ивана Петковска
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!