Капсулната колекција на Ивана Кнез беше онлајн презентирана на ivanaknez.com. Со оваа единствена и несекојдневна промоција артистот и креатор, Ивана Кнез одбележа пет години постоење на „Драма Студио“. Виртуелната промоција е само концепциско продолжение на стилскиот израз и изборот на нови и екcпериментални 3Д материјали за висока мода.
Новата приказна е работена со пластика, уникатни везови во умерени форми, со природен тек, а боите се во духот на иднината, минимал пристап, транспарентност, метални отсјаи, чистина. Модел за колекцијата е Ангелина Еулер, која го долови точно тоа што е потребно за истата. Колекцијата „The Dream“ е во развој и ќе биде надополнувана и проширувана.
Модната дизајнерка вели:
Колекцијата ја започнав точно пред 5 години. Како тема мислам дека неизмерно ќе ја користам и во идни креации и како тенденција сакам да ја развивам сè додека има можност за експресија. Го поставив прашањето „Дали андроидите можат да се заљубат?“, и со креациите ќе го барам одговорот. Тоа е мојот сон, личен сон и преокупација!
За комплетниот изглед на целата колекција на „Драма Студио“ придонесоа Бојан Сејменовски и Небојша Пешевски. Сензибилитетот и визијата во фотографијата и овојпат беа пренесени од постојаниот соработник, Жарко Чулиќ.
Капсулната 3Д колекција беше специјално зачинета со макаронс колачињата од „Marfi Cake & Bakery“, кои на виралната промоција ѝ дадоа нова димензија на медиумот, вкус и мирис.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!