Top
Bitsiani-SS-2015-iLike-mk-F

„Bitsiani“ презентира моден водич за матуранти

Со доаѓањето на матурските вечери секогаш владее дилемата што да се избере за софистициран, но сепак младешки изглед. Продавниците на „Aristoteli Bitsiani“ се секогаш едни од најпосетуваните дестинации кога станува збор за матурските подготовки на момците, а оваа сезона брендот подготви таканаречен водич за матуранти со предлог комбинации за повеќе различни стилови, но и совети за избор на соодветна облека, обувки и модни додатоци.

Тимот на „Bitsiani“ за сезоната на матурски прослави презенира комбинации во кои, пред сè, доминираат свежите бои и разиграните дезени што ги прави поразлични од останатата понуда на пазарот. Така речиси во секоја комбинација панталоните се во пастелни бои, кошулите се со најразлични дезени, чевлите се исто така во боја, а неизбежни се и модните додатоци како вратоврските-пеперутка кои кај овој бренд се далеку од класични, џебните марамчиња и марамитe со егзотични принтови. Белата боја е доста застапена за храбар и впечатлив изглед, а пак за оние кои себеси не се гледаат облечени во костум оваа ноќ, секогаш постојат и полежерните комбинации со палто, маица, поелегантни патики итн.

b1

b1a

b1b

B2

B2b

b3

B3a

B3aaa

b3ba

b4

b4a

b4aa

b5

b5a

b5b

b6

b6a

b7

b7a

b9

Фотосесијата за матурскиот водич е реализирана од страна на фотографите Ани и Дими со моделот Вања Трампевски од агенцијата „Подиум“ и шминка и фризура на Маја Саздановска.

Водичот ќе биде достапен во продажните места на „Bitsiani“, во рамките на списанието „Теа Модерна“ на 22.04.2015 и на уште неколку соодветни локации низ градот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>