Top
parley

„Адидас“ патики изработени од пластичен отпад

Најдобриот бренд за спортска опрема „Адидас“ и креативната организација за заштита на животната средина “Parley for the Oceans” го развиле овој иновативен концепт на патики изработени од пластичниот отпад од океаните и сите нелегално запленети мрежи од водата. Патиките се креирани со рециклирана пластика и влакната од зелената запленета мрежа, а другиот дел е изработен од разградливи материјали. Отпадот за изработка на овие патики е собран во 110 дневна експедиција. Од “Parley for the Oceans” велат дека океаните се фундаментален дел на климатските промени, a нивната цел е да се зголеми јавната свест и да се поттикнaт нови соработки кои може да придонесат за заштита и зачувување на океаните. Тие се горди што „Адидас“ им се придружува во оваа мисија и што обичниот отпад од океаните креативно ќе се преработи во нешто „кул“.

adidas_000

adidas_002

adidas_003

adidas_004

adidas_005

adidas_001




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *