Top

Заврши снимањето на Д-р Хаус

После 8 години, на една од најгледаните серии и се ближи крајот. Излезе официјалниот постер, кој ја најавува последната епизода на Д-р Хаус (House M.D.), чие емитување ќе биде на 21-ви мај оваа година. Низ годините, во текот на осум сезони, многу работи се сменија кај славниот доктор – тој повеќепати го менуваше својот тим, својот шеф, ентериерот во своите работни простории како и зависноста од различни лекови, за што неколкупати беше хоспитализиран… Но тој остана истиот. Неговиот генијален ум го водеше секое дејство и ја решаваше секоја ситуација, што придонесуваше и покрај неговата индиферентност, приказните секогаш да имаат среќен крај.



Во продолжение за сите фанови на оваа серија, ве потсетуваме на сите останати “доктори”, кои ја имаа честа да бидат дел од тимот на Д-р Хаус.

Автор: Вања Кочовска

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *