Top

Убијци (Killers)

Обидувајќи се да го преболи раскинувањето на љубовната врска, Џен Корнфелд (Katherine Heigl) не верува дека некогаш повторно ќе се заљуби. Таа неволно заминува на патување со своите родители на француската ривиера, каде се среќава со убавиот и згоден Спенсер Ејмс (Ashton Kutcher).



Три години подоцна, нејзината навидум невозможна желба станува реалност: таа и Спенсер се во брак и живеат идеален приградски живот, сè до неговиот 30-ти роденден. Нештата почнуваат да се менуваат утрото по забавата која му ја приредува Џен како изненадување и кога таа го откажува службеното патување.

Совршениот свет на Џен се распаѓа во моментот кога таа дознава дека нејзиниот сопруг Спенсер е шпион и платен убиец. Џен се обидува да дознае уште колку тајни крие Спенсер. Режисер на оваа непредвидлива комедија за љубов и непредвидливи акции е Robert Luketic.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




2 Коментари

Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *