Top

“Tengo ganas de ti” – продолжение на “Tres metros sobre el cielo”

„Дали ќе успеам да се вратам таму каде што само заљубените чекорат, три метри над небото?“. На 22-ри јуни излегува продолжението на “Tres metros sobre el cielo” (Tри метри над небото) кое е насловено “Tengo ganas de ti” (Те посакувам). Веруваме дека „Три метри над небото“, приказната за двајца млади луѓе кои им припаѓаат на сосема различни светови, ви остави голем впечаток, ве расплака, ве насмеа до солзи…

После две години поминати во Њујорк, Степ се враќа во Рим. Степ живее во станот на својот брат, се зближува со својата мајка и се среќава со своите стари пријатели. Се менуваат нештата, но дали се менува и Баби? Дали треба да се оживее преубавата љубовна приказна или да се остави во минатото? Сепак не е возможно да биде исто како некогаш. Нови ликови, нови моменти, нови возбудувања…

Главните улоги ги играат Mario Casas, Clara Lago и Maria Valverde, а филмот е во режија на Fernando González Molina. Додека ја чекаме премиерата, погледнете го трејлерот.


Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *