Top
BVS-iLike-mk

Протече трејлерот за „Batman V Superman: Dawn of Justice“

Првиот трејлер за догоочекуваниот филм „Batman V Superman: Dawn of Justice“ беше закажан за наредниот понеделник, но денеска на интернет се појави лоша снимка од истиот.

Од она што може да го видиме и слушнеме од трејлерот, Супермен е соочен со критики и осуда од страна на јавноста, а Лекс Лутор е еден од најголемите противници на овој „бог“. Бетмен, како што кажува и самиот наслов, ќе застане против херојот од Криптон, во одбрана на луѓето на Земјата.

Веднаш по протекување на трејлерот со лош квалитет, режисерот Зек Снајдер официјално го објави трејлерот.

Инаку, премиерата на филмот е закажана за 26 март 2016 година.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *