Top

Предлог божиќни анимирани филмови

Овој период од годината најчесто го посветуваме на поминување време со најблиските. При изборот на филм кој ќе го гледате заедно со целото семејство, не можете да згрешите доколку се одлучите за анимиран филм. Во него не уживаат само најмладите, туку и сите што се чувствуваат млади. Ние ви ги предложуваме следните божиќни анимирани филмови:



Божиќна приказна

A Christmas Carol (2009)

A Christmas Carol е популарна новела од англискиот автор Чарлс Дикенс, чија приказна за емоционалната и етичка преобразба на скржавиот и огорчен Ебанизер Скруџ е адаптирана многу пати во театар, на филм, телевизија, опера и др. Во анимираната адаптација од 2009 год. Џим Кери го позајмува гласот на половина од ликовите.

Рудолф, ирвасот со црвен нос

Rudolph The Red-Nosed Reindeer (1964)

Снешкото Сем ни ја раскажува приказната за еден мал ирвас избркан од останатите ирваси поради неговото црвено носе.

Кошмарот пред Божиќ

The Nightmare Before Christmas (1993)

На кралот-тиква, Џек Скелингтон му е здодеано во неговиот град Халовин, каде се припрема и слави Ноќ на вештерките. Еден ден талкајки го наоѓа гратчето во кое се слави Божиќ и настојува оваа година Божиќ да се слави и во неговиот град.

Полар Експрес

The Polar Express (2004)

На вечерта пред Божиќ едно момче започнува патување качувајки се на магичен воз кој го носи до Северниот Пол и до домот на Дедо Мраз… Филмот е адаптација на истоимената кратка приказна од Крис Ван Алсбург.

Како Гринч го украде Божиќ!

How the Grinch Stole Christmas! (1966)

Огорчен и полн со омраза, Гринч не може да ја поднесе помислата дека соседното село весело ќе го прослави Божиќ. Затоа одлучува да се маскира во Дедо Мраз и да го уништи Божиќ во селото. Филмот е дело на Чак Џоунз и е адаптација на истоимената приказна од 1957 год. од Доктор Сус, а доколку не ви се допаѓа анимацијата можете да ја погледнете и адаптацијата од 2000 год. со Џим Кери.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>