Top
2ND-MISSION-IMPOSSIBLE-iLike-mk

Објавен трејлерот за „Mission: Impossible – Rogue Nation“

Филмското студио „Paramount Pictures“ го објави трејлер за петтиот дел од познатата акциона франшиза „Mission: Impossible“, преку Фејсбук страната и Твитер профилот на главната ѕвезда на филмот – Том Круз, кој ја толкува улогата на Итан Хант.

Филмот беше најавуван како „Mission: Impossible 5“, но со официјалниот трејлер доаѓа друг наслов – „Mission: Impossible – Rogue Nation“. Во овој дел, агентот Итан Хант заедно со остатокот од тимот ќе се соочи со интернационалната организација чија цел е да ја уништи нивната шпионска агенција. Покрај Том Круз, во филмот се појавуваат Џереми Ренер, Сајмон Пег, Алек Болдвин и Ребека Фергусон.

Светската премиера е закажана за 31-ви јули.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *