Кал се отселува од заедничката куќа и се обидува да продолжи со својот живот без Емили. Toj дознава дека всушност неговата сопруга го изневерила со својот соработник Дејвид. Бидејќи Кал не бил со ниедна жена освен со својата сопруга, тој се обидува да ја открие својата машкост со помош на новиот пријател Џејкоб Палмер (Ryan Gosling). Имено, тој учи како да ги заведе девојките од барот во кој излегува.
Иако Кал успева да заведе повеќе жени, сепак тој не може да ја заборави својата сопруга. Емили и Кал се среќаваат на родителска средба во училиштето на нивниот син, и Емили дознава дека Кал спиел со наставничката на нивниот син. Таа навредена, почнува да се гледа со Дејвид. Нивниот син Роби се обидува да го освои срцето на својата бејбиситерка Џесика Рајли, бидејќи верува дека таа е неговата сродна душа. Но Џесика е вљубена во неговиот татко.
Во меѓувреме нивната ќерка Хана очекува понуда за брак од своето момче Ричард, но не ја добива и таа повредена заминува во барот каде што го одби додворувањето на Џејкоб. Тие ја поминуваат ноќта зборувајќи, без секс.
За да го дознаете најинтересниот момент, задолжително погледнете ја оваа романтична комедија. Морате да ја погледнете оваа драма која е доказ колку може љубовта да биде силна, да ги натера луѓето да прават лудости за неа и колку може да ги промени луѓето.
Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!