Top
Четврток

„Четврток“ – краткометражен филм на Милчо Манчевски

На отворањето на Филмскиот фестивал во Венеција премиерно беше прикажан краткометражниот филм „Четврток“ на режисерот Милчо Манчевски. Сценариото за филмот е на Манчевски, продуцент е Арон Левин, а главната улога ја толкува младата актерка Лора Ласи. Директор на фотографија е Уна Ли, монтажата му е доверена на Питер Мостерт, а музичката подлога е дело на Игор Василев. Филмот е снимен и продуциран во Њујорк.

За потсетување, Милчо Манчевски го освои „Златниот лав“ за најдобар филм во Венеција за „Пред дождот“ во 1994 година, а неговиот филм „Прашина“ го отвори фестивалот во 2001.


Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *