Top

Мало парче од рајот

Марли живее во Њу Орлеанс, има безгрижен пристап кон животот, практикува секс без обврски и има исклучително изразена смисла за хумор. И покрај тоа што ѝ е дијагностициран рак на дебелото црево, нејзината смисла за хумор воопшто не се менува.


Напротив, веста за ракот им ја соопштува на хумористичен начин, што двојно ги вознемирува нејзините пријатели и семејството. Речиси комплетно го игнорира фактот дека е смртно болна и дека наскоро ќе го напушти овој свет. Посебно емотивни се сцените со нејзината мајка и помирувањето со нејзиниот татко.

Марли го запознава Д-р Џулијан Голдстејн (со Еврејско потекло), кој се обидува да се справи со тешката болест на својата пациентка. Но со тек на време, се појавува хемија помеѓу нив, која прераснува во убава љубовна приказна, за која и двајцата знаат дека нема да има среќен крај. Но сепак, се трудат секој момент да го искористат најдобро што можат. Марли најпрво е решена да се обиде со сите медицински третмани, но подоцна остро се противи на истите. Знаејќи дека многу наскоро ќе замине во рајот, таа не сака вообичаен погреб на кој сите ќе плачат, туку токму спротивното. Својот погреб го замислува со голема забава во природа, која таа ќе ја набљудува од горе, високо над небото. Секако, нејзината последна желба ќе биде исполнета.
Погледнете го трејлерот.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>