Top
PR-open-design-studio

„House of 1000 designers“ – платформа која ќе ја претвори твојата дизајн идеја во бизнис

Се сеќаваш ли на оној пат кога доби генијална идеја за дизајн што ќе го промени секојдневниот, досаден живот засекогаш и најдалеку што стигна со неа беше до твојот невоодушевен пријател?

За жал, на повеќето одлични дизајнери им се случува истото. И покрај единствената цел на добриот дизајн – да биде претворен во реален продукт, огромен број на прекрасни идеи завршуваат како скица на лист хартија. Но која е поентата на дизајнот, ако никогаш не биде претворен во реалност?

Токму тоа е причината зашто постои House of Thousand Designers (HOIOOOD).

Инспирирани од сите неверојатни дизајни (и дизајнери) на кои сè што им треба е малку поддршка за своите идеи да ги претворат во реални продукти, ја креиравме платформата која ќе работи со локалните и регионалните дизајнери за да им помогне во развивање на нивните дизајн-идеи во бизнис.

House of Thousand Designers претставува еден тип на дизајн инкубатор, отворен не само за искусните дизајнери и архитекти, туку и за сите страствени аматери, студенти и ентузијасти кои наоѓаат задоволство во добриот дизајн. Концептот за платформата доаѓа од FEYDOM, македонскиот производител на мебел со над 10 години искуство и продажба низ повеќе од 30 земји. HOIOOOD ќе го поврзе екосистемот на FEYDOM составен од експерти, производители и дистрибутери со локалните дизајнери, во обид да им помогнат во реализирањето на нивните идеи во пpодукти. Ова, како концепт и проект, е нешто што досега (барем во оваа форма) не постоело во Македонија, а ниту во регионот.

PR-business-accelerator-(1)

Како функционира?
Процесот на развивање на еден дизајн во HOIOOОD започнува со аплицирање на конкурси. Еднаш, на неколку месеци, ќе објавуваме конкурси каде секој од нив ќе биде поддржан од различен производител. Првата рунда на вакви конкурси, која ќе биде активна сè до 25 јуни 2017, е поддржана од вкупно четири компании: Конкурсот за дизајн на софа е поддржан од FEYDOM, оној за дизајн на стол е поддржан од Махагоди, за дизајн на ламба од ЛИРА и конкурсот за дизајн на работна станица е поддржан од Coyaconeya. Сите заинтересирани може да дознаат повеќе за конкурсите тука.

Откако некоја идеја ќе биде одобрена од стручното жири на HOIOOOD, дизајнерот ќе има прилика да продолжи со развој на својот продукт во Отвореното дизајн студио на FEYDOM, а заедно со внимателно избран тим на експерти. Целиот процес, кој ќе започне со испраќање на добра идеја, ќе премине низ неколку фази и ќе заврши со целосно развиен, брендиран продукт, пласиран на пазарот со соодветна маркетинг стратегија. Најдобро од сè – продуктот останува засекогаш на дизајнерот, тој/таа ја задржуваат интелектуалната сопственост на секој дизајн кој ќе го реализираат.

PR-prototyping

Возбудени сме конечно да го лансираме овој проект, кој веќе подолго време го спремаме. Проектот моментално е финансиски делумно поддржан од ИМЕ, додека тимот на Reborn работи на неговиот маркетинг и промоција.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>