Top
Elena-Luka-Home-CONNECT5-iLike-mk-F

Elena Luka Home ви го претставува новиот објект CONNECT 5

Велат дека Скопје е едно од местата во светот, каде може да се види необичен спој на модерни хотели изградени на калдрмата на Отоманските улици, Византиски цркви покрај Турски џамии, домови во нео-класичен стил веднаш до зградите од времето на Југославија. Во Скопје се обединети и убавината и комплексноста на живеењето.

Како и каде го замислувате Вашиот живот? Веројатно со помалку стрес, помалку умор и помалку незадоволства, на некоја идилична локација.

Замислете организиран живот во совршен дом со високи стандарди, спектакуларен поглед на градот, локација која крие една прекрасна приказна за Скопје, локација со која се изолирани, а сепак блиску до центарот на градот.

Замислете живот со помалку неред, помалку дистракции. Замислете го Connect 5 – Непрекинат циклус со природата.

Elena-Luka-Home-CONNECT5-iLike-mk-002

Во Connect 5 ќе добиете дом за едноставен, смислен и исполнет начин на живот, кој би можеле да го наречете и ВАШ совршен дом.

  • Уникатен
  • Современ
  • Урбан
  • Квалитетен
  • На топ локација

Ова се петте карактеристики кои ги носи Connect 5!

Сместен на исклучителна локација покрај транспортниот центар, Connect 5 опфаќа 100-тина модерни станбени единици со различни структури, од еднособни до четирисобни.

Како одговор на комплексноста на животот во метрополата и задоволување на Вашите вредности, Elena Luka Home ви го претставува Connect 5 на идеална локација во градот, која е спој на историјата и иднината, на старото и ново Скопје, на традицијата и архитектурата, со отворена панорама на метрополата, со поставеност за постојана циркулација на воздух во текот на целата година – ружа на ветрови – единствено место за живот кој фантазијата ја претвора во реалност.

Во современиот свет, кога технологијата доминира во секој аспект на нашите животи, природата и понатаму е неприкосновен водич и творец на сè што нè опкружува. Човекот има потреба сè повеќе да ѝ се враќа на природата, нејзината убавина и магија. Со таа мисла и беше создаден Cоnnect 5.

Elena-Luka-Home-CONNECT5-iLike-mk-003

Модерните и футуристички градби настануваат со тежнеење да се вклопат и да му се приближат на природниот амбиент. Рефлексијата која настанува во нивните стаклени површини создава синергија помеѓу екстериерот и ентериерот.

Со својот единствен дизајн, Cоnnect 5 на раскрсницата од срцето на Скопје е во директен контакт со природното опкружување.

Ултра модерната фасада на Cоnnect 5 е создадена од 5 совршено комбинирани елементи – стакло, метал, дрво, камен, модерни врзувачки материјали кои комбинирани со флората која го опкружува објект дава беспрекорен и урбан стил. Токму тој стил ќе придонесе и за релаксирачки амбиент.

Cоnnect 5 е станбен објект со дискретен шарм и едноставни линии кои поставуваат совршена рамнотежа помеѓу мирниот и ексклузивниот живот и близината до динамичниот центар на градот поставувајќи стандарди во резиденцијалната понуда на Скопје.

Cоnnect 5 – Живот за чиста 5-ка!

Промотивен текст


071 415-094 | 071 326-773 | contact@elenalukahome.com




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *