Top

Театра ја враќа радио драмата во живот

Конечно со радост можеме да почнеме да зборуваме за новото издание на Театра. Нашиот театар прави вистински исчекор кога е во прашање театарското искуство на публиката. Можете слободно на ова да гледате како една широко отворена врата, како начин да разбудите неоткриени полнежи во вашата фантазија.



Почнувајќи од недела, 4-ти ноември, во 22 часот на Радио МОФ, ние отвораме циклус на радио драми. Драмите ќе се емитуваат секоја недела во овој термин. Ова не е само ентузијастички потег, ова е сериозен влог на театарот да се возобнови еден модел на драматизација. Веќе подолго време многу малку се посветува внимание на радио драмата. Тоа не значи дека ја нема туку едноставно поретко се гледа на неа како театарска комуникација, изведба, како едно целосно и богато драмско искуство. Меѓутоа ние со нетрпение очекуваме да ви ги претставиме нашите звучни продукции зашто и нам, а верувам и вам ви нудат ретка можност да ја градите вашата имагинација.

Премиерно ќе биде емитувана Пеперутка од Сашо Димоски. Се работи за автор кој негува свој целосно изграден идентитет и сензибилитет, за еден лиричен претскажувач и раскажувач. Неговиот текст ќе биде во изведба на актерот Васил Зафирчев, на неуморниот и длабоко посветениот приврзаник на театарот и Марија Зафирова, која е продуцентката на Театра но секогаш го доживува театарот природно, одвнатре, искуствено. Театарот има свој жив ритам во кој треба да навлезете и не можете само да го следите отстрана и еднострано да ги организирате нештата. Звучната режија и музиката се дело на Тања Рибарска. Со нејзиниот интиуитивен пристап во овие сфери таа создава атмосфера и ритам кои го доцртуваат, дополнуваат она што текстот преку своите зборови го искажува и навестува.

Да се има можност сам да ја создаваш театарската сцена. Да ти се нуди креативен удар за да ги разбиеш ѕидовите на театарот. Да може твојата мечта да ја ѕида театарската изведба. Да бидеш во театар секаде, каде и да си. Тоа се одличјата на нашата идеја да промовираме радио драми. Време е за смели и свежи драмски видици. Време е да отвориме простор на нови значења, нова шанса на театарот. Постојат толку многу галаксии на нечепнати приказни. Заљубете се во нив. Сонувајте! Поврзете ги ѕвездите поинаку. Направете свои соѕвездија од ликови и приказни! Следете ја Театра во терминот за радио драма секоја недела. Придружете нѝ се на: facebook.com/Theatra и theatra.mk.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>