Top

Нова претстава во Драмски театар: ГЕНЕТИКА НА КУЧИЊАТА

Балканската крлежијада, децении оспорувана, игнорирана, глорифицирана, преиспитувана… но, сепак, се уште жива и понатаму жива… Зошто од потонатата, исушената панонија, па до вечно пожолтените скрки на избрчканата балканија, постојано ја распространува, ја прераѓа глембаевската генетика, која мутира не низ вечните промени на сите идеологии туку низ напуштениот простор на испразнетите души.

Кој сме, од каде доаѓаме, каде одиме-вечни прашања кои глембаевизмот ги решава со постојаното натрупување на блиндираните сефови: блиндирани,студени како острилото на тешкиот метал, наспроти сите болки, глад, безизлез и беда. Целокупниот вселенски пород, се премерува според глембаевската вага и се вреднува, единствено, ако реагира или заблескоти со златниот сјај – сè другото е безвредност. Во склад со светското берзанство, кое ги вреднува и онака непотребните судбини преку каратните ѕвецкања. Реинкарнацијата на глембаевското само ја потврдува вечната кружност на ничеовиот кошмар.

Венко Андоновски, како литературна плима, како драматургија која извира од непознати кладенци, повторно се враќа, ги поплавува крлежијанските брегови на проклетството: во таа Итака, каде што никој не се очекува, каде што со срце никој не се пречекува, никој со љубов не се гледа.

Од скрките, од непознатите кладенци, сега во обратна насока, доаѓаат новите генерации на вечното мутанство, преку панонијадата – пустина преполна со вечната алчност, да се има се и да се изеде се. Последната симфонија на канибализмот.

Режисерскиот концепт е обид да се препрочита или открие, стогодишното досие на духовниот карусел кој е само една шарена и апсурдна, дефинитивна капитулација… пред повторниот почеток, збогатен со новата генетика на бескрајната материјално-материјалистичка експанзија во ништото…

Дејан Пројковски



Режија: Дејан Пројковски
Музика: Горан Трајковски
Сценографија: Владо Ѓорески
Костимографија: Благој Мицевски
Асистенти на режијата: Драгана Таневска, Ѓорѓи Ризески
Лектор: Јелица Инадеска
Инспициент: Кире Ставревски
Суфлер: Даница Илиева
Тон – мајстор: Димитар Илиоски
Светло – мајстор: Игор Георгиев

Улогите ги толкуваат: Драган Спасов – Дац (Игњат), Јелена Жугиќ (Г-ѓа Ренате), Филип Трајковиќ (Максим), Билјана Белилчанец – Алексиќ (Сара), Дејан Лилиќ (Леоне), Драгана Левенска (Евушка), Роберт Вељановски (Д-р Роберт), Рубенс Муратовски (Пречесниот), Зоран Љутков (Петер Милер), Никола Ацески (Славен), Игор Ангелов (Темјан), Гордана Ендровска (Слугинката), Крсте Јовановски (Алберт) и Жарко Димоски (Полицаец, болничар).

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>