Top
Дневникот на Хулиганот со Васил Зафирчев

„Дневникот на Хулиганот“ со Васил Зафирчев

На 1-ви октомври, на полноќ, на Метрополис Радио почнува „Дневникот на Хулиганот“ на Сашо Димоски со Васил Зафирчев.

Станува збор за проект од мултимедијален карактер кој ќе се развива во неколку фази, чиј главен протагонист е драмскиот уметник Васил Зафирчев. Првата фаза започнува на први октомври, на полноќ, во радиски формат на Метрополис Радио. Предвидени се дваесет и две премиери кои ќе се емитуваат секој вторник во етерот, на авторска музика на Тања Рибарска. Во понатамошните фази, проектот ќе добие свое видеоиздание, публикација и караван низ Македонија.

Проектот е во копродукција меѓу Арт-Маркетинг и ТулипПро. Работен е врз истоимениот текст на младиот и извонредно талентиран автор Сашо Димоски, оценет како писател со посебен и редок пример на личен колажиран стил. Име од кое македонската книжевност треба допрва да очекува естетска илуминација и вредна уметничка иднина.

„Дневникот на Хулиганот“ е дневник за љубовта, за единствената смисла на животот која се состои од мерење на времето според значењето и особеноста на луѓето кои ги сакаме и кои му даваат смисла на нашето постоење. Тој е внатрешниот глас на љубовта. На секоја љубов. Носи универзална порака за негувањето, чувањето и градењето љубов. Тоа е сечија приказна, затоа што е длабоко човечка во суштината и универзална во интимноста.

Автор на фотографии е Јован Куциновски.


Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>