Top

Неделен хороскоп (19.06.2017 – 25.06.2017)

horoskop-625-200


ОВЕН
Ви се случуваат работи за кои немате реално објаснување. Веројатно заслужувате повеќе, па затоа сте незадоволни. Се наоѓате во заблуда. Ги измешавте работите: внесувате емоции таму каде што е потребен разум и обратно. Мора итно да се соберете. Немате време за губење. Ве мачи несоница, а проблемите се добар дел од причината за нејзината појава. Кај вас не постои средина, а тоа не е воопшто добро.

БИК
Мислите еднострано: во право сте само вие, а на останатите им ги препишувате маните. Сте се прашале ли за сопствената објективност? Со своето залагање остварувате завидливи резултати во општествениот, политичкиот и научниот живот, а и во останатите сегменти од животот. Немате време да размислувате за здравјето. Окупирани сте со кариерата и мислите дека сето останато може да почека. Грешите.

БЛИЗНАЦИ
До сите работи доаѓате со голема мака. Немате мотивација за работа, а се соочувате и со здравствени проблеми. Препукувањата со некоја водолија, лав или рак се уште една причина за вашето незадоволство. Подобро ќе се чувствувате во друштво, па затоа дружете се повеќе. Ова е период кога се тестира вашиот нервен систем, а тоа би значело дека треба да се учите на поголемо трпение.

РАК
Завршувате еден животен циклус и влегувате во нов. Кон крајот на неделава имате одлични шанси за успех на работното место. Ве очекува подобрување на ситуацијата што ќе резултира со собирање на плодовите. Без оглед на тоа што се чувствувате подобро, не претерувајте со активностите. Потребен ви е одмор. Поволните активности влијаат и врз љубовниот живот. Прашање е за кого ќе се одлучите: водолија или јарец?

ЛАВ
Преплавени сте со чувства до тој степен што тоа се граничи со патологија. Можеби имате нешто што се нарекува здрав разум?! Време е да го употребите. Недоразбирањата со соработниците и стравовите врзани за работата ве загрижуваат, но кога ќе размислите подобро, глупаво е однапред да паничите, иако тоа е посилно од вас. Сите болести се врзани за емоциите. Во наредниве денови ви се советува дружење со луѓе што здраво резонираат и можат да ви помогнат.

ДЕВИЦА
Се наоѓате во фаза на нови планови и почетоци. Не се откажувате за ништо на светот. Упорни сте до максимум, се соочувате со некои принципи, но тоа не ве обесхрабрува. Ова е одличен период за вас. Што се однесува до љубовта, ќе ставите точка на нешто и ќе почнете во нов стил. Неделава е одлична за рекапитулација, но не е добра за почеток на нешто ново. Стрпете се.

ТЕРЕЗИЈА
Внимавајте што зборувате, зашто оваа недела е лоша за комуникација. Изберете го молчењето. Не сте објективни во процената на деловната ситуација. Стартувате од многу полоша позиција отколку што мислите. Бидете практични. Емотивниот дебаланс влијае негативно на вашето здравје. Партнерот се оддалечува. Мора да сторите нешто во однос на ова прашање. Имате чувство како никој да не ве разбира.

СКОРПИЈА
Некој константно го тренира вашето трпение. Ве фаќа блага паника, но не сте во право, зашто ситуацијата е повеќе од сигурна. Не трошете ја енергијата на непотребни стравувања. Ова е одличен период доколку мислите на својата иднина. Заборавивте ли на најмладите во семејството? Отпатувајте со нив некаде викендов! Обидете се да излезете на крај со невротичниот дел од својата личност.

СТРЕЛЕЦ
Фантастично се чувствувате, активни сте и комуникативни. Проблемот е во тоа што ги почнувате работите, но тешко ги водите кон крајот. Во емотивна смисла сте љубопитни. Биковите или близнаците не се за потценување. Обидете се да реализирате средба. Ќе ве израдува некаков телефонски повик. Почнете да се учите на трпение.

ЈАРЕЦ
Практично сте ориентирани, а токму во таа насока одат сите работи оваа недела. Не оптоварувајте се со фантазиите. Вредно ги извршувате работите, молчите и работите. Резултатите се видливи, а можна е промена на работното место. Една девица влегува на мала врата во вашиот живот, а доколку станува збор за некој колега, шансите да доживеете љубов се повеќе од веројатни.

ВОДОЛИЈА
Се соочувате со проблеми на сите страни. Не очајувајте: лесно може да ги надминете – потребна ви е организација комбинирана со тренинг. Не сте задоволни од работата и од меѓучовечките односи. Ги криете проблемите во себе, а тие само се напластуваат. Преоптоварени сте, а во желбата да одговорите на стотиците барања од околината, се занемарувате себеси. Зошто само вие да бидете идеални, кога се’ друго не функционира?

РИБИ
Окупирани сте со материјалните проекти и работа, така што сите други комбинации паѓаат во вода. Доколку добиете понуда за нова работа, нема потреба од двоумење – прифатете без да размислувате. Се наоѓате во фаза на подобрување на здравствената состојба. Решавате да почнете со нов начин на живот. На добар пат сте, само уште да можете да истраете. Потребни ви се пари, па во таа смисла ќе мора да направите и извесна жртва.