Top
Ikea-so-reklama-za-nokj-na-veshterkite-iLike-mk

„Икеа“ со хорор реклама по повод Ноќ на вештерките

Шведскиот гигант за производство на мебел и декоративни елементи за домови, „Икеа“, во пресрет на Ноќ на вештерките сними куса хорор реклама.

Во рекламниот спот главната улога ја има едно мало детенце кое испаничено се вози низ изложбен салон на „Икеа“ сè додека не налета на неговите родители, но маскирани.

Кампањата ја осмисли маркетинг агенцијата „BBH Asia Pacific“ од Сингапур, а со неа се промовира late night shopping-от кој ќе се случува токму на Ноќта на вештерките.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *