Се сеќавате на среќната машина која беше поставена на еден Лондонски универзитет? Coca-Cola продолжува да споделува љубов и среќа во целиот свет, а овојпат поставува автомат во Националниот универзитет во Сингапур. На него, со препознатливиот фонт на Coca-Cola е напишано “Hug me”, што е доволно да ги намами погледите на случајните минувачи. Единствено што треба да се направи за да се добие бесплатна лименка Coca-Cola е да се прегрне автоматот. Leonardo O’Grady, претставник на Coca-Cola вели: „Без разлика дали ја прегрнувате машината или сте сведоци на овој настан, нашата цел е да предизвикаме насмевка на вашите лица и да ја споделите таа емотивна конекција“. Секогаш впечатливи и позитивни кампањи кои предизвикуваат насмевки на секое лице. Браво!
Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!