Top
„British Airways“ со интерактивен начин на рекламирање

„British Airways“ со интерактивен начин на рекламирање

Пред неколку дена во Лондон осамнаа иновативни рекламни билборди на авио-компанијата „British Airways“. Всушност, билбордите се големи ЛЕД монитори со специјален систем кој овозможува прикажување на информации за одреден лет. Штом над билбордот надлетува авион, се појавува мало слатко детенце кое со прст директно покажува накај авионот и дава точни информации за бројот на летот и дестинацијата.

Ричард Тамс од „British Airways“ изјави:

Понекогаш забораваме колку е магично патувањето со авион, а првиот лет е незаборавно искуство. Честопати, штом видиме авион, се прашуваме до кое место лета, а овие билборди само нè потсетуваат колку целиот свет нѝ е достапен.


Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *