Еден од најдобрите македонски Р&Б ДЈ-и, радио водител и дел од дуото ДНК, текстописец, композитор, татко на малиот Андреја, иден сопруг на Маја. така би го опишале Владимир Блажев ака Панчо.
Искрено и отворено ни проговори за музицирањето, за соработката со Лазар Цветкоски, за идните планови…
Пред еден месец го промовиравте новиот албум „Срце“. Песните се навистина многу слушани, а ти веќе имаш изјавено дека омилена од овој албум ти е „Опуштено“. Може ли да се живее опуштено, баш онака како во песната? Ти успева ли барем на тебе?
Еее, баш ми е драго што нашите песни се слушани и доста вртени. Тоа претставува огромна чест за нас и за мене како автор на истите. Да, факт е дека темата „Опуштено“ ми е омилена, гледам дека сте добро информирани
Се трудам колку што можам. Животот e една игра која брзо поминува и сè што се случило вчера не може да се врати ниту пак да се измени. Токму преку мојот текст таму кажувам како сакам јас и кон што целам да го сведам мојот живот и како сакам да ми тече понатаму. Верувам дека многу луѓе ќе го применат тоа и ќе бидат многу посреќни и повесели. Моето мото е да шириме позитивна енергија и многу љубов.
Се јавуваш како автор на сите песни од албумот. Твојот текст за „Преку К*р“ предизвика многу реакции, најверојатно затоа што ретко кој знае вака јавно да „исплука“ и да се изјасни. Кој текст најмногу ти легна (со задоволство го напиша)?
Секој текст си има посебна приказна, посебна инспирација и посебен момент како јас сум се чувствувал. Кога ја пишував „Преку К*р“ се чувствував баш така како што кажувам во песната. Стојам позади секој кажан збор и за жал тоа е реалноста. Фејк менаџери, уредници, ефтини дрољи и „рапери“ кои се јаки на зборови и интернет, кои не направиле ама баш ништо, а главна тема сум им јас или ДНК. Инаку секој текст ми е напишан од душа и кеиф, но посебно ќе ги издвојам: „Срце“, „Опуштено“ и „Преку К*р“.
Велиш дека инспирација за текстови црпиш од сè. Но колку време е потребно да се изработи еден добар текст, колку тој трпи на промени?
Некогаш е потребно 5 минути, некогаш неколку недели или месеци. Нема правило. Многу текстови сум ги напишал во автомобил, а некои рефрени дури и на семафот, значи за помалку од 5 минути :)
На претходниот албум „Кажано е сè“ главен продуцент ви беше Врчак, а на „Срце“ е Лазар Цветкоски. Едно неблагодарно прашање, но, би направил ли споредба помеѓу нив двајца како продуценти? Со кого е полесно и поубаво да се работи?
Да, навистина е неблагодарно да се споредуваат, но морам да ви одговорам. Како прво, секој продуцент си има свој стил на работа. Со Лазар соработката ни е перфектна и сме презадоволни од тоа како звучат финалните материјали. Едноставно сме на иста бранова должина. Се познаваме добро, приватно се дружиме и знае како дишеме што е дополнителен плус за еден продуцент. Мислам дека сме добитна комбинација и верувам дека ќе ве изненадуваме сè повеќе и повеќе. Сеуште го немаме постигнато максимумот. Лазар е огромен професионалец кој живее за музиката. Значи, работата со Лазар ни одговара повеќе во контекст на гледиштата кон музиката за разлика од со Врчак.
Наредната недела ќе бидеш дел од Fresh Island Festival на Паг во Хрватска. Како се најде на листата на ДЈ-и кои ќе пуштаат музика на овој фестивал?
Пред сè да си на ист фестивал со такви легенди претставува огромна чест. А, сум се нашол на таа листа благодарение на мојата неуморна работа и посветеност на музиката. Луѓето кои го организираат фестивалот ме слушале како звучам во Загреб и Задар па се одлучиле да ме букираат. Ова ми е најголем успех како ДЈ и верувам дека ќе има уште многу вакви големи фестивали.
Snoop Dogg/Snoop Lion и Madcon се најголемите ѕвезди кои ќе се појават на овој настан. За кого се израдува повеќе кога виде дека ќе настапувате на иста сцена? Чија работа ја цениш повеќе?
Искрено за Snoop Dogg , KRS , Dj Statik Selectah и Tony Touch кој ќе го промовира неговиот најнов албум Peacemaker 3 и верувам дека ќе добијам примерок :)
Неодамна се вери со твојата девојка Маја со која веќе го имате синчето Андреја. Која е Маја? Како ја запозна и кои се нејзините квалитети?
Маја ја знаев уште многу одамна од маало :)… Но, ете така се случи една вечер на 22.09 да пиеме пиво во мојот бел стокец и да слушаме музика, па од тогаш до ден денес сме заедно и чат пат пак пиеме пиво
Штом сме заедно 8 години сигурно има квалитети кои ми се допаѓаат и кои ми одговараат. Ај сега да не ја фалам ќе ми се качи после на глава. Најбитно е дека сме среќни, го имаме нашиот мал ангел Андреја и дека го средуваме нашиот дом во кој ќе живееме заедно. За сè останато прашајте ја неа :)
Која твоја особина би сакал да ја има Андреја кога ќе порасне?
– Одговорноста, чесноста и решителноста.
Музикален ли е? Која песна од ДНК му е омилена?
Како што гледам ми делува дека е музикален.Препознава кога пее Андреј а кога јас, иако е толку мал и има само 2 години и 5 месеци. Хит му е „Авион“. Новиов албум уште го учи :)
Каде ќе го поминете летото?
Работно сè до 22-ри септември со евентуални испади до Охрид. На 22-ри ни е закажано матичното и здравје Боже потоа сакаме да отидеме сите тројца на меден месец некаде на море.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!