Top
Марко

Марко ЛОГАУТ: „Ми се допаѓа мојот живот!“

Го запознавме преку одличната кавер верзија на “За нас” од Брејк и веднаш стана јутуб сензација. Момчето доаѓа од српски Крушевац и за себе вели дека сè прави обратно од останатите затоа што така и е роден, поттикнато од одличните реакции на публиката за неговите преработки, го промовираше својот прв сингл “Без тебе не можам”.

Насмеан и позитивен, каков што впрочем и е по природа, Марко Логаут со интервју за iLike.mk.

Марко

Веќе 6 години живееш во Скопје. Сигурно си се навикнал на македонскиот менталитет. Ти недостига ли нешто од твојот роден Крушевац?

Секако дека се навикнав, сепак овде сум 6 години. Воопшто не е тешко да се вклопиш тука, македонскиот менталитет е речиси ист како во Србија, така што сè на сè ми е преубаво и драго ми е што сум овде.

Многу наши пејачи се обидуваат да влезат на српскиот пазар, а ти го направи сосема спротивното и кариерата одлучи да ја започнеш во Македонија. Ќе се обидеш ли да се пробиеш и во твојата родна земја?

Доста наши пејачи се веќе успешни на српската сцена, меѓутоа тоа се најчесто пејачи кои зад себе веќе имаат многу сериозна музичка кариера, а јас сум сеуште на почетокот, па сметам дека сеуште е рано да размислувам на таа тема – да започнам кариера и во Србија. Сепак, не можам да кажам пак, дека никогаш нема да се случи тоа.

Ти си еден од ретките странци кој се потрудил да го научи македонскиот јазик. Тешко ли ти беше да пропееш на македонски?

Мојата мајка е од Скопје, така што од мали нозе сум во контакт со македонскиот јазик. Не ми е тешко да пеам на македонски, бидејќи можам да кажам дека 90% го совладав. Инаку во Србија е многу тешко да се научи македонскиот јазик бидејќи нема каде да се чуе, но сепак е сличен па во секој случај луѓето се разбираат меѓу себе.

Има различни коментари за твоето меко “Л” во изговорот. Го сметаш за предност или недостаток (кај девојките пред сè)?

Најискрено јас никако да ја забележам таа разлика помеѓу македонското и српското “Л” така што не можам да одговорам дали ми е предност или маана.

После трите кавери конечно издаде и свој сингл насловен “Без тебе не можам”. Како настанаа песната и спотот?

Песната е од мојот многу драг пријател Кирил Трајковски кој случајно еден ден ми ја отсвире и само рече: знам дека ќе биде најдобро ова ти да го отпееш. Мене многу ми се допадна песната, едноставно сакав таа да биде мојот прв, многу драг сингл.

Ќе продолжиш ли со ваквиот стил на музика, или публиката може да очекува и нешто поразлично од тебе?

Не би сакал да се задржувам само на еден стил на музика. Мора да се изгради сопствен стил, но јас сепак би сакал да пробам различни стилови бидејќи музиката е креативна работа и никогаш не знаете што ќе ви влезе во уво и што ќе посакате да испеете.

Многу македонски артисти своето место на сцената го бараат преку фестивалите. Дали Марко ќе го видиме на некој фестивал?

Можеби некогаш, зошто да не, фестивалите се едно искуство повеќе кое може само да ми помогне во мојата музичка кариера.

Од кого Марко учи? На кого му се восхитува?

Јас сум самоук и до сега не сум посетувал часови по пеење и свирење, но многу учев од одличниот американски кавер бенд “Boyce Avenue” кои ми се воедно и најдраг бенд кој обожувам да го слушам секојдневно.

Со која светска ѕвезда би сакал да се најдеш на иста сцена и што би отпеал?

Бруно Марс е мојот конечен одговор, а песната “When I was your man”.

Свириш на гитара, имаш ли желба да свириш и на друг инструмент?

Го обожувам звукот на пијаното и едно нешто знам со сигурност – во својот живот ќе најдам време да научам да свирам на тој преубав инструмент.

Најавуваш нов сингл за почеток на есента. До каде се подготовките? Имаш ли веќе нешто на ум?

Многу размислувам за следната песна, бидејќи веќе имам многу мои песни кои сакам да ги испеам, но сеуште не можам да се одлучам на која прво ќе ѝ дојде редот. Така што единствено можам да ви кажам дека ќе излезе на почетокот на есента. Поопширно не би откривал, бидејќи сакам да ве изненадам…

Дополни: I Like…

I like my life! :)


Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>