Top

Хороскоп за 31.08.2012 (петок)

Овен
Бидете внимателни за улогата на другите луѓе во вашиот љубовен живот. Некои работи нема да се одвиваат онака како што сте очекувале. Имате премногу позитивна енергија и се тоа поради насмевката на една личност. Дружете се колку можете повеќе.

Бик
Занемарете ги разговорите и свртете се кон оние со кои имате заеднички јазик. Постои можност да бидете погрешно сфатени, па ќе морате да се браните. Избегнувајте радикални промени во љубовната врска.

Близнаци
Вашите финансиски одлуки не се рационални. Очекувајте расправии на работното место. Бидете внимателни со исхраната, бидејќи здравјето не ви е на завидно ниво. Слободните Близнаци ги очекува незаборавна авантура која може да прерасне во сериозна врска.

Рак
Отидете на патување може таму ќе успеете да ја најдете вистинската љубов. Ќе ви порасне популарноста на работното место, но и во друштвото. Ве очекува голем успех но морате да бидете трпеливи.

Лав
Состојбата во семејството ќе влијае и на вашите одлуки. Ако бидете искрени кон себе ќе сфатите дека грешките се последица на вашето нерасположение. Внимавајте со здравјето, ве очекуваат проблеми со срцето.

Девица
Ќе бидете внимателни со деталите и ова е одличен период за дознавање на нови информации. Направете финансиска конструкција. Некој може негативно да делува на вас, но бидете цврсти на за своите ставови.

Терезија
Очекувајте сигнали на организмот и реагирајте на првите знаци на замор. Неопходни ви се моментите на релаксација. Психичката активност ќе биде нагласена. Разговарајте со саканата личност за заедничките проблеми.

Скорпија
Случувањата на љубовен план нема да бидат едноставни.Можна е сериозна расправија или прекин на долга врска. Потрудете се да избегнувате важни договори. На работното место ќе забележите неправилности од страна на вашите соработници.

Стрелец
Не брзајте со одлуките. Имате целосна поддршка од колегите и семејството. Пожелно е да отидете на патување бидејќи само така ќе се чувствувате задоволно. Слободните Стрелци ќе се чувствуваат заљубено особено во личности кои имаат поголем авторитет.

Јарец
Окупирани сте со многу работи кои се врзани за финансиите. Некои ваши скриени намери ќе испливаат на површина. Во љубовта ќе ве привлекува се она што е скриено од очите на јавноста. Можете да очекувате врска со голема разлика во годините.

Водолија
Премногу ќе влијаете на околината. Се што ќе сработите ќе остави посебен печат. Планираните работи ќе се одвиваат во нагорна линија. Потрудете се да внесете нешто ново во секојдневието. Бидете задоволни со се што се случува на љубовен план.

Риби
Можете да прифатите работа за која никогаш не сте мислеле дека ќе ја работите. Ќе бидете рационални, но и преосетливи. Планетите ви укажуваат на подобрување на материјалните и духовните залихи. Ако успеете ќе бидете многу задоволни.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>