Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП – 31.03.2011 (четврток)

Овен
Кога еднаш ќе изјавите нешто, потоа не може лесно да го повлечете зборот или да се покаете. Мора да внимавате што зборувате пред соработниците, бидејќи некој сериозно може да се почувствува навредено од вашиот арогантен став. Размислете добро за вашите коментари и на тој начин ќе ја намалите негативната енергија во околината.

Бик
Во моментите кога чувствувате напнатост и затегнатост во односите со партнерот, имате потреба да ја префрлите вината на другата страна. Тоа е сосема погрешно и можеби е крајно време да успеете да ги согледате и вашите негативности со цел да дојдете до конечно решение и излез од кризата. Дури и најсилните емоции може да бидат добро прифатени доколку погледнете длабоко во себе.

Близнаци
Потрудете се во периодов да обрнете малку повеќе внимание на себе и внатрешниот мир. За дел од вас одличен избор ќе биде заминувањето на некоја планина, додека, пак, за другите физичката активност или вежбите се идеално решение. Важно е да не се доведувате во ситуација да западнете во судир со околината или соработниците.

Рак
Иако многу се надевате на проектите кои се центар на вашето размислување, крајниот ефект нема да биде она што го посакувате. Во замена за нервоза, обидете се да сфатите дека понекогаш целта се достигнува преку потешкиот пат и лесно ќе успеете да дојдете до конечниот успех. Промената на плановите за вас значи и зголемување на анксиозноста.

Лав
Бегањето од проблемите, кое не е типично за вас, воопшто не е решение на кризата во која се наоѓате. Колку и да изгледа примамливо неприфаќањето на реалноста, мора да знаете дека проблемот повторно ќе се појави. Гордоста и цврстиот став би можеле да ве доведат до конечно решение. Внимавајте на настинки и вирози.

Девица
Не е лесно доколку морате да се откажете од професионалните планови заради расчистување стари семејни проблеми кои во периодов ќе ви одземат многу време и здравје. Без напредување во кариерата ќе се почувствувате лошо, но за кратко време. Успешните луѓе како вас лесно се враќаат во игра.

Терезија
Свесни сте за работите што треба да ги извршите и тоа го правите без паника. Со самото тоа ви е потребно помалку време, а резултатите се видливи. Партнерството, јавноста и разните видови комуникација, исто така, се во игра.

Скорпија
Нема потреба да ги искушувате вашите соработници во однос на трпението, затоа што никој не ја сака таквата политика на однесување. Партнерот е постојано на дистанца, затоа обрнете внимание на неговата реакција. Престанете да размислувате за далечната иднина и направете чекор понапред во емотивната врска.

Стрелец
Околностите во кои се наоѓате ве приморуваат да се насочувате кон повеќе нешта, но вие постојано играте на картата незаинтересираност кога станува збор за емоциите. Доколку сами не одлучите да превземете нешто, работите нема да се придвижат кон посакуваната цел.

Јарец
Ќе настојувате да ја скриете вашата ранливост и емотивна страна на карактерот. Бидете внимателни и послушајте го советот од еден од вашите соработници, бидејќи на тој начин ќе успеете да ја спасите ситуацијата. Но, мора да пронајдете начин да се решите од ваквите моменти и храбро да зачекорите кон вашата цел.

Водолија
Независно што постојано сметате дека ви треба некоја промена, вие не се одлучувате на тој чекор. Обземени сте со некое чуство на мрзеливост и посакувате нештата да се решат самите по себе. Непотребно го искушувате трпението на партнерот, па можеби наскоро ќе зажалите поради тоа. Бидете трпеливи истрајни во желбите.

Риби
Не морате постојано да бидете драматични, за да им покажете на другите што мислите и чувствувате. Направете го тоа на едноставен и примерен начин кој сигурно ќе ја интересира вашата околина. Покажувањето на тоа што вие го посакувате не е само среќа, туку и добар начин да ја постигнете целта.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>