Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП – 28.03.2011 (понеделник)

Овен
Во моментите кога чувствувате напнатост и затегнатост во односите со партнерот, имате потреба да ја префрлите вината на другата страна. Тоа е сосема погрешно и, можеби, е крајно време да успеете да ги согледате и своите негативности, со цел да дојдете до конечно решение и излез од кризата. Дури и најсилните емоции може да бидат добро прифатени, доколку погледнете длабоко во себе.

Бик
Она што го очекуваат другите од вас се судира со вашата замисла за тоа како сакате да настапите пред околината. Доколку не ја добиете шансата да се покажете во вистинско светло, ќе се почувствувате предадени од оние што многу ви значат. Пред да се трудите да ги импресионирате своите најблиски, слушнете што имаат да ви кажат.

Близнаци
Потрудете се во периодов да обрнете малку повеќе внимание на себеси и на внатрешниот мир. За дел од вас одличен избор ќе биде заминувањето на планина, додека, пак, за другите идеално решение се физичката активност или вежбите. Важно е да не се доведувате во ситуација да западнете во судир со околината или со соработниците.

Рак
Не се обидувајте да ги рационализирате своите акции и дејствувања, туку однесувајте се инстинктивно и нема да погрешите. Вашата интуиција многу пати се покажала како успешна, па и овој пат сте на вистинскиот пат. И покрај широката палета информации, точна е само онаа што се согласува со вашиот разум.

Лав
Бегањето од проблемите што не е типично за вас, воопшто не е решение на кризата во која се наоѓате. Колку и да изгледа привлечно неприфаќањето на реалноста, мора да знаете дека проблемот повторно ќе се појави. Гордоста и цврстиот став би можеле да ве доведат до конечно решение. Внимавајте на настинки и вирози.

Девица
За вас се’ мора да биде проверено и точно, па затоа процесот на донесување конечни одлуки оди бавно. Можеби имате право кога сакате секоја информација да ја проверите од секој извор, пред да ја ставите во вашата мозаична слика. Внимавајте од каде ви пристигнуваат податоците и кој постојано се обидува да ви го сврти вниманието на друга страна.

Терезија
Иако имате чувство дека некој постојано ви го попречува патот, планетите велат дека немате причина за грижа. Понекогаш со малку труд се постигнуваат големи резултати. Вашето време не е ограничено и пред вас стои успешен период што сигурно ќе најдете начин да го искористите. Само треба да научите да бидете трпеливи.

Скорпија
Нема потреба да ги проверувате своите соработници во однос на трпението, затоа што никој не сака таква политика на однесување. Партнерот е постојано на дистанца, затоа обрнете внимание на неговата реакција. Престанете да размислувате за далечната иднина и направете чекор напред во емотивната врска.

Стрелец
Се’ ви се чини поважно од работите што се случуваат околу вас и проблемите на кои наидувате. Не дозволувајте да ви избегаат одредени нешта за кои подоцна нема да имате шанса да ги вратите во игра. Најдобро би било доколку сите важни одлуки ги донесувате полека и без брзање, со цел да воспоставите подобра рамнотежа со сами себе.

Јарец
Ќе настојувате да ги скриете вашата ранливост и емотивната страна на карактерот. Бидете внимателни и послушајте го советот од еден од вашите соработници, бидејќи на тој начин ќе успеете да ја спасите ситуацијата. Но, мора да пронајдете начин да се решите од ваквите моменти и храбро да зачекорите кон вашата цел.

Водолија
Воопшто не сте реални кога станува збор за оценување на реалната слика околу вас. Не сте свесни дека логиката не може секогаш да ја оправдувате со вашите цели. Ситуацијата налага да размислувате малку повеќе од вообичаеното, па затоа внимателно донесете ја конечната одлука. Поразите доаѓаат ако не реагирате навреме.

Риби
Не мора постојано да бидете драматични за да им покажете на другите што мислите и чувствувате. Направете го тоа на едноставен и примерен начин што сигурно ќе ја интересира вашата околина. Покажувањето на тоа што го посакувате не е само среќа, туку и добар начин да ја постигнете целта.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>