Top

Хороскоп за 25.09.2012 (вторник)

Овен
Вашата жива природа денес е во прв план. Ви паѓаат на памет разни идеи, имате бројни желби и интереси. Бидејќи по обичај сте расеани, обидете се да се концентрирате на нешто конкретно. Бидете посистематични и работете ги нештата по ред.

Бик
Нека не ве зачуди желбата за необични нешта и случувања. Преокупирани сте со метафизика, можеби и повеќе отколку што е потребно. Важно е добро да се чувствувате и ви годи она со што се занимавате. Некои од вас размислуваат за неверство.

Близнаци
Можеби верувате премногу во сопствените можности, суетни сте и нескромни. Сакате да ви биде удобно и дружењето денес е нагласено. Само Лав може да ги задоволи вашите моментални тежнеења и да ве разбере. Ископајте го од телефонскиот именик, на повидок е љубовно случување.

Рак
На здрав начин се обидувате да соберете и да покажете сила и волја за да задоволите некои свои потреби. Бидејќи се наоѓате во фаза на просперитет, пријатно се чувствувате, но може да се јави желба да трошите над своите можности.

Лав
Успешно комуницирате со околината, ако не директно, тогаш ментално. Бидејќи сте комуникативни и расположени да ги поминете слободните моменти со некого, ќе се обидете тоа лице да ве задоволи навистина во секој поглед. Свртете се кон позитивни и ведри лица.

Девица
Хиперактивни сте и подложни на влијанието на околината. Премногу се соживувате со туѓите проблеми, што не е пожелно кога станува збор за тажни чувства. Дружете се со весели луѓе, смејте се и шегувајте се. Само така ќе ја засилите и ќе ја поправите моменталната состојба, која е благо депресивна.

Вага
Бидејќи се изборивте со карактерот на еден Лав, ви останува да се занимавате со новосоздадените ситуации. Не мудрувајте над сопствената судбина, туку тргнете во конкретна акција. Резултатите можеби ќе задоцнат, но ќе бидат остварени. Откажете се од помислата да решите нешто набрзина.

Скорпија
Размислувате за судбината, барате одговор на она што ви се случува. Можеби извесни грешки се провлекуваат поради невниманието кон себе и сопствените проблеми. Повеќе време поминувате анализирајќи ги туѓите проблеми, така можеби никогаш нема да може да се свртите кон себе!

Стрелец
Бидејќи пред вас е напорен ден, обидете се да се одморите и да намалите дел од обврските. Не е се толку итно како што изгледа на прв поглед. Оставите малку време за кафе со пријателите, разговор со партнерот и за шопинг. Ќе успеете да направите с? ако добро го организирате времето.

Јарец
Партнерот ви дава поддршка да истраете. И тој е многу заслужен за успехот што ќе го постигнете. Дали тој успех ќе биде деловен или приватен, дали станува збор за венчавка или за поднова? Прашања има безброј, како и човечки судбини. Оние што не се наоѓаат во овие редови, нека се свртат кон работата.

Водолија
Бидете реални кога се во прашање вашите психофизички можности, тоа може да доведе до здравствени пречки. Ситуацијата бара ризик, но само така ќе може да профитирате. Не претерувајте со одлуките, добро размислете и повеќе пати мерете пред да сечете.

Риби
Се чувствувате внатрешно напнати, па се обидувате да се ослободите од тоа чувство. Ќе успеете доколку се дружите, а вашиот проблем се однесува на пребавна разврска на еден конфликт. Бидејќи ве издава трпението, мислите дека решението е патување или промена на работата.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>