Top

Дневен хороскоп – 23.07.2011 (сабота)

Овен
Искористете ја инспирацијата на паметен начин. Денот го поминувате во потрага по нови и необични работи и возбудувања. Емотивното задоволство и новите привлечни случувања само ги потенцираат аспектите на среќа. Потрудете се да бидете толерантни кон околината.

Бик
Материјалната ситуација е променлива и бара дополнително ангажирање. Никогаш ништо не ви паднало од небо, затоа и сега ќе морате да се потрудите ако сакате да им ставите крај на проблемите. Партнерот ќе ви донесе подарок со кој ќе сака да ве убеди во нешто.

Близнаци
Благодарение на новите идеи ви се нуди напредок и унапредување. Окупирани сте со борбата за власт, суетата е нагласена. Бидете внимателни, непотребно трошите енергија која ќе ви биде потребна. Задоволство наоѓате во работата што целосно ве исполнува.

Рак
Само доколку вложите дополнителен напор, можете да си ги остварите идеите. Не сте задоволни со моментната ситуација, не трудете се да ја промените. Станува збор за стар проблем поради кој треба да се вооружите со трпеливост. Љубовта кон партнерот може да почека.

Лав
Со соработниците водите немилосрдна борба околу статусните прашања. Мислите дека сте во право, па се трудите да им го наметнете тоа на другите. Бидете сигурни дека ќе успеете, премногу сте упорни. Но, притоа потрудете се да се одморите, нема ништо да успеете доколку не го чувате здравјето.

Девица
Сега сте во позитивен период сте каде што ве очекуваат пријатни изненадувања и весели моменти. Во целина сте среќни и радост ви причинуваат приватните случувања. Од се’ дигате раце, само затоа што сте песимисти. Уживајте во секој момент од овие променливи денови.

Терезија
Темелно и сериозно пристапувате кон се’ што ве интересира. Ве очекува многу работа и напор, затоа бидете задоволни бидејќи сте на вистинскиот пат. Соработниците ќе бидат на ваша страна. Со партнерот сте на иста бранова должина, а чувството за убавина и љубов е нагласено.

Скорпија
Конечно, наидувате на период кога можете да се смирите. Имавте многу расправии и несогласувања со партнерот и сето тоа поради трето лице. Конечно можете да земете здив, тензијата исчезна и целосно сте смирени. Сега никој нема да одолее на вашиот шарм.

Стрелец
Секогаш реагирате навреме, затоа и ќе постигнете успех. Во спротивно, по којзнае кој пат ќе бидете разочарани и ќе мислите дека некој ве изневерил. Потрудете се да носите одлуки, но не тврдете секогаш дека сте во право. Можеби е време да ги намалите критериумите.

Јарец
Пред вас се наоѓа прилично успешен период. Работните обврски пополека се прошируваат, а со тоа и изворите на приходи. Не сте од оние што седат со скрстени раце и се жалат, затоа и успевате. Активно се борите и го добивате заслуженото признание.

Водолија
И покрај тоа што сте незадоволни од себе, пред вас е сјаен ден. Ниту најдобрите пријатели не можат да ви помогнат да го решите проблемот, па затоа потрудете се да најдете посоодветен начин. Потрудете се да се релаксирате во домашна атмосфера со партнерот.

Риби
Се насочувате само кон она што ве интересира, воопшто не се грижите за блиските. Моментните околности бараат здрав разум и конкретни акции. Постојано ги заобиколувате работите, причина за тоа може да е болеста што не треба да ја сфаќате сериозно.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>