Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП – 20.04.2011 (среда)

Овен
Динамични сте и снаодливи пред својата околина, така што добивате комплименти од различни страни. Важно е правилно да одговорите на работниот предизвик и да оставите добар впечаток пред соработниците. Заборавете на предрасудите, не можете се’ да држите под контрола. Планирајте љубовен состанок или забава во друштво на саканото лице.

Бик
Чувствувате потреба да воведете ред во својата околина, но го правите тоа на лош начин или во погрешен момент. Исправете ги своите пропусти пред да ја изгубите довербата од кругот на соработниците. Доколку ви пречи пасивната улога или чувството на монотонија во љубовниот однос, потрудете се да го изненадите саканото лице на необичен начин.

Близнаци
Премногу сте ангажирани на работното поле и одговарате на бројните повици. Не заборавајте дека се’ си има своја граница, така и работната терапија има позитивен ефект само под одредени услови. Нема потреба да се чувствувате несигурно или да ја прикривате вистината на средбата со саканото лице. Потрудете се правилно да ги објасните своите намери.

Рак
Нетактични сте на средбата со соработниците и упорно се обидувате да ги наметнете своите ставови, без разлика на случувањата. Немојте да дозволите некој да ви поставува отежнувачки услови или да ве казнуваат неправедно за заедничкиот неуспех. Залудно размислувате за некои возбудливи средби.

Лав
Не дозволувајте некој да ги буди вашите ниски страсти или желба за натпреварување. Зачувајте го присебниот дух. Без разлика на сите таинствености во однесувањето пред саканото лице, не умеете да го прикриете своето нерасположение. Го потиснувате своето незадоволство.

Девица
Во вас владее оптимистички дух, па затоа на различните прашања што ги поставуваат вашите соработници одговарате самоуверено или во духовен стил. Поласкани сте од нечии комплименти и сознанието дека се наоѓате на листата на избраните. Дозволете си некоја романтична или возбудлива забава за двајца. Партнерот очекува повеќе внимание и топлина од ваша страна.

Терезија
Доколку се наоѓате во непријатна ситуација, не дозволувајте да ја повторувате истата приказна и да давате непроверени ветувања. Важно е да ги проверувате информациите што влијаат на работно-финансиската соработка. Понекогаш е тешко да ги прифатите различните ограничувања. Избегнувајте ги непотребните возбудувања или кокетирањата со непознато лице.

Скорпија
Се наоѓате во некоја дилема, дали некој се поигрува со вашата доверба или, пак, ја тестира заедничката недоверба во работните договори. Сепак, соработниците нема да дозволат да чувствувате неправда и некој да ве поттикнува на работната сцена. Ситуацијата што за вас изгледа интересно, саканото лице ја гледа со одредена доза неверување или одбивање.

Стрелец
На средбата со соработниците имате различни забелешки за нечие однесување и тешко е да ви одолеат. Без разлика на нечие ветување, забележувате дека работите одат во погрешен правец. Избегнувајте ги заострените дуели или јавните расправи. Љубовта има позитивно влијание на вашето расположение, бидејќи некој умее да ве подигне во облаци или да ги исполни вашите очекувања.

Јарец
Загрижени сте поради нечии зборови, но имате причина за тоа. За да ги зачувате своите работно-финансиски интереси, мора да имате малку лукавост или да функционирате под одредени правила. Важно ви е да ги доведете работите под совршена контрола. Повеќе ви пречи еуфоријата во однесувањето на партнерот отколку чувството на носталгија или лична несигурност.

Водолија
Претерувате со своите амбициозни планови и со различните потреби, па затоа ве очекуваат негативни коментари. Во дискусијата за работните приоритети, немате причина за нова нервоза со едно влијателно лице. Различните недоразбирања во дијалогот со саканото лице не се безначајни, но не се ни тема што треба постојано да ја повторувате.

Риби
Важно ви е да оставите позитивен впечаток во околината. Без разлика на инсценираното однесување, добивате професионална поддршка и некој со доза на симпатичност ја оценува вашата појава или настап. Некој во вас поттикнува добро расположение и потреба за емотивно зближување.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>