Top

Хороскоп за 17.12.2011 (сабота)

Овен
Овие денови функционирате под силни емоции, но морате да внимавате бидејќи тоа може да ве доведе до фатални грешки. Потрудете се да се дистанцирате од соработниците бидејќи тие никогаш нема да се сложат со вас. Психосоматските болести можат да настанат како последица на пречувствителноста.

Бик
Се наоѓате пред значајни животни промени кои лесно ќе ги прифатите. Загрижени сте поради дволичноста на соработниците и конкуренцијата. Вашата непогрешлива интуиција секогаш е во право. Избегнувајте алкохол и антибиотици, тие дејствуваат иритирачки на вашиот и онака надразнет нервен систем.

Близнаци
Бидејќи себеси си зададовте многу цели морате да бидете трпеливи и да функционирате на долги патеки. Се советува тимска работа, а доколку не сте паметни, може да настане и конфликт. Не ги проценивте добро сопствените можности, а заморот е последица на тоа.

Рак
Се наоѓате пред нов животен циклус. На прв поглед изгледате исплашени и слаби. Новата работа нуди шанси за заработување и стекнување материјални добра. Не е се’ во парите, но без нив не се може. Конечно излегувате од кризата, закрепнувате благодарение на подобрената исхрана.

Лав
Убаво се чувствувате, а уште поубаво изгледате. Наредните денови ве очекува исклучително успешна соработка. Во одлична состојба сте, среќни и задоволни. Не претерувајте со храната и пијалаците, тие лошо влијаат на вашата здравствена состојба. Голем дел од припадниците на знакот се заљубени и спокојни.

Девица
Потрудете се добро да ги разработите сите планови кои ви паѓаат на памет. Иако по природа сте истрајни, се’ се одвива бавно. Трпението почнува да ве издава, па морате малку поинаку да си го организирате времето. Можни се проблеми со грлото, затоа избегнувајте ладни напивки. Со партнерот не знаете на што сте, а можеби и тоа ве привлекува кај него.

Терезија
Влеговте во активен и комуникативен период. Заинтересирани сте за многу работи и се трудите да ја задоволите сопствената љубопитност. Искористете ја креативноста и смислата за перфекција на адекватен начин. Доколку ја трошите силата која и онака ви недостига, лесно можете да ги активирате проблемите од хормонска и нервна природа.

Скорпија
Ги зацврстувате позициите на повеќе фронтови. Бидејќи вашата енергија моментално е многу силна, правите невозможни работи. Ова е успешен професионален период. Моралната стабилност и свесност за ситуацијата ве прават исклучителни.

Стрелец
Силни сте и истрајни, токму поради тоа чувствувате дека можете да ги решите сите проблеми околу вас. Немилосрдни сте кон околината, но сметате дека предолго трпевте и не можете повеќе да издржите. Важно е дека тргнавте во акција, а тоа може да вроди со плод.

Јарец
Насочени сте кон себеси и професијата, немате време за ништо, а тоа е сосема погрешно. Слободните моменти ги поминувате во друштво со пријателите, кои од ден на ден се се’ помалку. Немате ни време ни сила за некој да ве оптоварува. Доколку од одредени личности не можете да извлечете корист, потрудете се да ги избегнувате.

Водолија
Иако сакате да оставите добар впечаток, тоа тешко ви оди од рака бидејќи сте многу нервозни и напнати. Не барајте виновник во околината, тие само се трудат да ве истрпат. Тешко ви е во последно време да се приспособите на осцилациите и случувањата. Креативната особина е нагласена.

Риби
Работите не одат онака како што сте ипланирале, но немојте да се разочарате. Можна е нова понуда за работа, не двоумете се. Заборавете на неуспесите и препуштете се на ситни радости. Партнерот ќе биде нежен кон вас, но мора да бидете трпеливи. Најдете нова преокупација, на пример пријателите, и врската ќе биде подобра.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>