Top

Хороскоп за 10.02.2012 (петок)

Овен
На сцена стапува вашата бујна фантазија, која во одредени ситуации може да направи чуда, но тоа е воедно и меч со две острици. Полагајќи преголеми надежи во некои работи, лесно можете да се разочарате ако тие не се остварат. Бидете внимателни кога се парите во прашање. Некој се обидува да ви подметне нешто.

Бик
Се советува дополнително внимание кога се зборовите во прашање, зашто лесно можете да навредите некого. Незнаењето не ве оправдува од одговорноста. Затоа немојте да се зачудите кога околината ќе почне да ве озборува и да ве избегнува. Одличен период за учење и завршување на работите.

Близнаци
Не можете се’ да правите сами, а во друштво лошо функционирате. На околината и’ пречи вашиот специфичен начин на размислување, што на прв поглед изгледа иритирачки. Вознемирувачките искуства внатре во работниот колектив успешно ќе ги избегнете.

Рак
Желбата да и’ се наметнете на околината моментално е засилена. До кога другите ќе го трпат тоа? Не сте ни свесни колку ги потенцирате своите квалитети. Тие и без многу зборови можат да бидат видливи. Обидете се на ненаметлив начин да дадете до знаење колку вредите. Сознанието дека сте донеле погрешна одлука често е болно.

Лав
Мора во организмот да внесувате повеќе витамини, свежо овошје и зеленчук. Од друга страна, би требало да ја намалите дневната доза на слатки, поради можните проблеми со килограмите. Основата на доброто здравје е правилната и урамнотежена исхрана.

Девица
Мора да бидете внимателни, поради можноста од повреда. Здравствената состојба на многу припадници на овој знак не е најдобра. Нервирањето и невниманието можат само да го продлабочат проблемот. Потребни ви се одврзани раце во врска со извесен проблем.

Терезија
Способноста за брзо реагирање доаѓа до израз. Ситуацијата не е ниту малку наивна, па со самото тоа морате да бидете дополнително внимателни, но тоа нема да ви биде тешко. Здравјето, земено во целост, е добро. Морате да се приспособите на дадената ситуација и да го засилите прагот на толеранција. Размислувајте позитивно!

Скорпија
Земајќи во целина, добро се чувствувате ако се одземат нервозите околу парите. Плановите врзани за патувањето веќе одамна требаше да се реализираат. Доколку не се, вистинско време е да почнете да ги пакувате куферите. Пред вас е одличен период за комуникации и патувања. Нема препреки во остварувањето на идеите.

Стрелец
Понудата за некоја примамлива работа се’ уште важи, но дали имате сила за коренити промени – знаете само вие самите. Важно е дека некои работи се одвиваат повеќе од поволно. Искористете ја деловната понуда, но најпрво завршете го големото чистење во сопствениот живот.

Јарец
Што може да го заскокотка вашето внимание? Се знае, љубовта! Премногу размислувате и го анализирате партнерот. Се тешите, зашто барем ве тера на размислување. Бидејќи сте непоправлив естет, од него очекувате да ја поседува сличната особина. Периодот пред вас не е добар за судбоносни потези.

Водолија
Сите оние што константно се мешаат во вашите работи почнуваат да ви одат на нерви. Сметате дека сте доволно паметни и дораснати на ситуацијата, така што не ви е потребен некој од страна. Вложувате дополнителен напор, проверувајќи ги своите способности. Тоа има своја цена. Одморајте се повеќе.

Риби
Кај вас работите се случуваат во стилот: се’ или ништо! Токму денешните настани тоа го потврдуваат. Ви се нудат можности на сите страни. Сите ве опсипуваат со комплименти и ви нудат примамливи понуди, а колку ќе успеете да ги искористите? Не дозволувајте колебливоста и сомневањето во сопствените квалитети да ве блокираат.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>