Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП – 06.04.2011 (среда)

Овен
Избегнувајте ги различните ситуации што можат негативно да влијаат на вашето работно место. Во период кога се’ ви поаѓа од рака, не ви се потребни никакви несогласувања со соработниците. Не дозволувајте нечија сервилност да ги наруши вашите реални очекувања на професионален план. Ви пречи сознанието дека на саканото лице му недостига емотивна храброст или инспирација.

Бик
Приказните што доаѓаат до вашите уши, секако, негативно ќе се одразат при градењето на ставот околу вашата работа. Бидете внимателни и не избрзувајте, бидејќи околината колку и да сака да ви помогне во преден план секогаш го става личниот интерес. Саканото лице постојано се труди да ви удоволи во однос на потребите, затоа имајте малку повеќе разбирање за неа.

Близнаци
Непотребно се вплеткувате во нечија стапица од која тешко ќе можете да се извлечете. Би било подобро доколку вашите интелектуални способности ги истакнете во сосема друга насока каде што нема да зажалите за донесената одлука. Важно е да го зачувате личното достоинство и доброто расположение при средбите со саканото лице.

Рак
Имате интересни идеи на кои со одобрение гледа вашата околина. Сега сте во фаза кога сите работни задачи ги извршувате со леснотија, па оттаму немате никакви причини за грижа. Не двоумете се при донесувањето на некоја конечна одлука, бидејќи не можете ништо да изгубите. Планетите велат дека за вас е ова одличен период.

Лав
Доколку сте искрени или одговорни за она што го правите, тогаш не дозволувајте да ве премисли нечија забелешка или приказна. Постапете во согласност со вашата совест, бидејќи е најважно да ја оправдате довербата на оние што веруваат во вас. Во средбите со саканото лице, би било добро да прифатите варијанта што ќе биде поволна за двајцата.

Девица
Ако не ви се допаѓа нечија улога или однесување на работното место, тогаш е краен час да им се обратите на претпоставените и со тоа да спречите голем конфликт. Зачувајте ја присебноста на духот и трпеливоста се’ додека не стивнат негативните страсти во вашето опкружување. Во меѓувреме дозволете си мало емотивно задоволство со партнерот.

Терезија
Вашиот ентузијазам или големата смелост можат да бидат сфатени на различен начин. Затоа внимателно избирајте ги зборовите што ги користите во друштво на вашите бизнис-партнери или во јавниот живот. Не правете си дополнителни проблеми на сами себе, доколку немате реална потреба за тоа. Покажете му на партнерот дека добрата волја и интересот понекогаш значат повеќе од скапите подароци.

Скорпија
Од работата имате големи очекувања, чија реализација повторно ќе мора да почека. Внимателно проценете ги потезите што ги влечете во средбата со соработниците. Добриот глас надалеку се слуша така што позитивната реклама би можела да ви донесе и добар материјален успех. Некој постојано ја расипува љубовната идила.

Стрелец
Се наоѓате во извонредна можност да напредувате на професионален план, па затоа не двоумете се во прифаќањето на работните задачи. Одлучноста и упорноста секогаш носат позитивни резултати, затоа нема потреба за лажна скромност и бегање од фактите. Размислувајте за изборот кое лице би можело да одговори на вашата емотивна природа.

Јарец
Сосема ви е јасно дека некој постојано се обидува да ги загрози вашите материјални интереси што се поврзани со работното место, но вашата упорност е посилна. Морате да се соочите со неповолната позиција и борбата во која ќе вложите многу, а ќе добиете малку. Употребете го своето најголемо оружје – разумот. Во однос со саканато лице, лесно ќе ги остварите намерите.

Водолија
Доколку ви недостигаат точни информации за ситуацијата на вашето работно место, не избрзувајте со заклучоците и дозволете времето да ја реши енигмата околу вас. Сите проблеми се решаваат кога имате со кого да ги споделите. Бидете доволно нежни и суптилни пред партнерот, па не одбегнувајте да се препуштите на чувствата и емотивната инспирација.

Риби
Ако некој се обиде да ја критикува вашата работа, покажете доволно сила и храброст да докажете дека не е така. Важно е да го подобрите вашиот рејтинг или да се приспособите на околината, со цел да имате соодветна улога во околината. При средбите со саканото лице, почитувајте го заедничкиот договор за кажување вистина.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>