Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП – 04.04.2011 (понеделник)

Овен
Благодарение на одличната соработка и поддршка, очекувајте завиден деловен успех. Не можете да се пожалите на својот емотивен живот, кој деновиве е особено бурен. Се’ е во стилот на Овенот – колку полудо, толку подобро.Помалку поигрувајте си со чувствата на саканата личност. Има и други начини да го задржите нејзиното внимание.

Бик
Желбите се едно, а околностите нешто што се одвива во спротивна насока. Што се случува со вас? Чувствувате чудна наколоност кон некого, но вам не ви одговара да ги потиснувате чувствата. Воздржаноста почна да ве оптоварува во толкава мера, што сакате да ја разрешите таа љубовна енигма. Доколку го сторите тоа, исходот ќе биде поволен. Сфатете се’ со помала сериозност. Препорачниво е трпение.

Близнаци
Земате залет и завршувате некои започнати работи. Искористете го овој фантастичен период за паметни одлуки и расчистувања, особено емотивни. Можеби од околината очекувате повеќе од вистинските можности? Постојат прашања на кои треб ада одговорите, па неизвесно е колку тоа ќе ви појде од рака. Некои Близнаци деновиве имаат среќа во пронаоѓањето на партнер- љубовен или деловен.

Рак
За чудо, ќе ги изненадите сите со својата дипломатичност. Сменете ја работата и одете во политичари, зашто сте талентирани за тие работи. Емотивната сила ви е од голема помош. Треба да внесете оптимизам во секојдневието. Доколу сакате луда и незаборавна забава, прифатете покана за такво нешто. Лавот се обидува на мала врата да ви влезе во срцето. Тоа нема да му успее, поради различните сфаќања.

Лав
Бидејќи сте чувствителни и лесно навредливи, излезот побарајте го во осаменоста. Таа ви помага да се приберете и да размислите за новонастанатите проблеми. Затворени во четири ѕида, се обидувате да бидете задоволни. Ќе работите дома и ќе решавате семејни прашања. Потешкотиите од деловна природа ќе ги совладате. Очекувајте сериозен разговор со Јарец. Можеби претеравте кога го потценивте.

Девица
Успех на сите полиња. Работата цвета, партнерот преде како маче и ви се умилкува. Што можете да посакате повеќе? Уживајте во моментите на среќа и фатете залет за сериозни случувања. Не се сите денови бериќетни како овој, па искористете го максимално. Не претерувајте со храната, особено со слатките. Бидете внимателни при донесувањето заклучоци за луѓето, зашто и покрај аналитичноста, ќе бидете на погрешен пат.

Терезија
Бидејќи не признавате пораз, ќе се борите да успеете во нешто. Иако се’ се одвива бавно, знаците за успех веќе се наѕираат. Искрснуваат емотивни проблеми, или барем вие така ги доживувате односите со партнерот. Не сакате да се изјасните отворено, па се „пазарите“. Ситуацијата бара трпение и упорност. Можни се здравствени проблеми поврзани со бубрезите или жлездите со вантрешно лачење. Тоа ќе се среди.

Скорпија
Среќата ви е наклонета. Ве очекува деловен успех, придружен со финансиска добивка од пошироки размери. Можеби тоа е причина да се чувствувате подобро? Навистина ни емотивниот живот не е за потценување. Сега сте во фаза на регенерација. Што да сторите за да извлечете максимум од ситуацијата? Бидете реални, практични и трпеливи. Ова последново ви е особено тешко.

Стрелец
Со некого делите успех. Ви годи се’ што се однесува на тимска работа, па фунционирате во тој стил. Сакате да ги претресувате љубовните проблеми, но бидејќи сте во „право“, партнерот ќе ве изнервира. Прашајте се колку објективност внесувате во врската? Веројатно ве оптоварува желбата за доминација од страна на саканата личност. Со некои работи мора да помирите, без оглед што мислите за нив.

Јарец
Некој успеа да ви ја заскокотка фантазијата. Настанот не е за потценување, бидејќи не с еслучува често. Исходот е неизвесен, а не е ни важен. Примарна е состојбата на среќа и задоволство. Многу припадници на овој практичен земјен знак, токму деновиве с еобидуваат да ја озаконат врската. Доколку се јават здравствени проблеми, не паничете. Не е ништо алармантно.

Водолија
Постојано сте во движење. Или тргнете на пат, или некој ви доаѓа на гости. Првата варијанта е поповолна за вас, поевтина и бара помалку труд. Никој не се соменав сдека ќе успеете да си удоволите на најдобар можен начин. Се наоѓате некаде меѓу фантазијата и стварноста, што е добро з азанимавање со уметност, а лошо за практичен живот. Водолиите – уметнички души ќе имаат многу успех и ќе добијат заслужени признанија.

Риби
Многу врева за ништо. Новите натсани креваат прав, но кога се’ ќе слегне, ќе констатирате дека залудно сте се нервирале и мачеле. Единствено ќе ви биде криво што сте опкружени со неискрени луѓе. Прашајте се дали самите ги избиравте, или некој од страна ви ги наметна? Работите се одвиваат бавно, но не знаете начин како да ги забрзате. Бидете трпеливи и промислени. Не повторувајте ја истата грешка.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>