Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП – 02.02.2011 (среда)

ОВЕН
Подгответе се на застои и доцнења. Би можело да ви се случи да изгубите важни хартии и документи или да не можете да пронајдете нешто што ви е потребно. Ако тргнувате на пат, проверете дали се’ сте понеле и сметајте дека малку подолго ќе патувате до целта.

БИК
Одбијте ја молбата врзана за преземање на една обврска, особено ако сте во љубовна врска, во чија иднина се сомневате. Нема да згрешите ако го задржите за себе своето мислење доколку се најдете во разговор со роднините. Приоритет нека ви бидат личните желби.

БЛИЗНАЦИ
Поддршка за остварување на деловниот план ви нуди брачниот или љубовниот партнер, но и роднините на партнерот, дури и ако не сте во брак. Помладите ќе уживаат во страсните изрази на наклоност на спротивниот пол. Очекувајте покана за патување, односно излегување во двојка.

РАК
Јазикот ќе ви биде побрз од паметта, а провокациите претерани и по малку неумесни. Ако се најдете во големо и шаренолико друштво, ќе го свртите вниманието врз себе, но не нужно на позитивен начин. негативната енергија потрошете ја на спортување или средување на животниот простор.

ЛАВ
Ќе ве преплави плима на нежност и љубов кон партнерот и кон децата, а љубовните случувања на оние што не се во брак ќе бидат проткаени со интересни случувања. Ќе слушнете убава вест од пријателите, а ќе добиете и покана за свадба, крштевка или прослава на свршувачка.

ДЕВИЦА
Избегнувајте контакт со роднините, особено со оние од спротивниот пол зашто разговорот на тема на вашиот личен живот би можел да заврши со кавга, во која ќе бидат изговорени тешки зборови. Ќе бидете склони да кажете што мислите, а притоа неподготвени за комуникација.

ТЕРЕЗИЈА
Добро ќе си поминете на патувањето и ќе остварите интересни контакти со странски државјани. Со малку шарм и мудра игра, лесно ќе ја остварите својата цел. Некои од вас слободното време ќе мора да му го посветат на домашниот миленик или на поправки во домот. Направете шопинг!

СКОРПИЈА
Дозволете им на чувствата да излезат од вас. Ако спротивната страна покаже дека многу и’ значите, немојте да бидете воздржани и да се контролирате зашто тоа ќе изгледа како одбивање. На финансиски план можно е непромислено трошење ако станува збор за техника, облекување и убавина.

СТРЕЛЕЦ
Најпријатно ќе се чувствувате во друштво на весели луѓе, оние што уживаат во добрата храна и одбрани пијалаци, како и личности што сакаат да истражуваат и да откриваат нешто ново. Поради вашата отсутност, блиска личност ќе мора да донесе одлука во ваше име. Вешто ќе решите еден проблем.

ЈАРЕЦ
Енергијата ќе ви биде во опаѓање, а имунитетот ослабен. Можни се проблеми со желудникот, вирози, воспаление на увото или меурот. Избегнувајте мрсна и тешка храна и пијте многу течности, најдобро вода и чај. Во емотивните односи не подлегнувајте на налети на љубомора и кавга.

ВОДОЛИЈА
За извонредното расположение можете да им се заблагодарите на љубовните случувања, а добар вентил за зголеменото ниво на енергија ќе бидат и домашните работи. Извонредно ќе се снаоѓате во контактите со другите, како и со роднините и со брачниот партнер. Очекувајте покана од личноста што ви се допаѓа.

РИБИ
Ако подготвувате испит, презентација или очекувате дека резултатот од патувањето ќе зависи од вашата информираност, ви претстои ден минат во работа. Ако зад вас е неодамнешен љубовен бродолом, ќе бидете опкружени со пријателите и со нивната безусловна љубов.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>