Top

Хороскоп за 01.11.2011 (вторник)

Овен
Избегнувајте ги различните ситуации што можат негативно да влијаат на вашето работно место. Во период кога се’ ви поаѓа од рака, не ви се потребни никакви несогласувања со соработниците. Не дозволувајте нечија сервилност да ги наруши вашите реални очекувања на професионален план.

Бик
Приказните што доаѓаат до вашите уши секако негативно ќе се одразат при градењето на ставот околу вашата работа. Бидете внимателни и не избрзувајте, бидејќи околината колку и да сака да ви помогне во преден план секогаш го става личниот интерес. Саканото лице постојано се труди да ви ги удоволи потребите, затоа имајте малку повеќе разбирање за неа.

Близнаци
Непотребно се вплеткувате во нечија замка, од која тешко ќе можете да се извлечете. Би било подобро доколку вашите интелектуални способности ги истакнете во сосема друга насока, каде што нема да зажалите за донесената одлука. Важно е да го зачувате личното достоинство и доброто расположение при средбите со саканото лице.

Рак
Имате интересни идеи на кои со одобрение гледа вашата околина. Сега сте во фаза кога сите работни задачи ги извршувате со леснотија, па оттаму немате никакви причини за грижа. Не двоумете се при донесувањето некоја конечна одлука, бидејќи не можете да изгубите ништо. Планетите велат дека ова е одличен период за вас.

Лав
Доколку сте искрени, не дозволувајте да ве премисли нечија забелешка или приказна. Постапете во согласност со вашата совест, бидејќи е најважно да ја оправдате довербата на оние што веруваат во вас. Во средбите со саканото лице би било добро да прифатите варијанта што ќе биде поволна за двајцата.

Девица
Ако не ви се допаѓа нечија улога или однесување на работното место, тогаш е краен час да им се обратите на претпоставените и со тоа да спречите голем конфликт. Зачувајте ја присебноста на духот и трпеливоста се’ додека не стивнат негативните страсти во вашето опкружување. Во меѓувреме, дозволете си мало емотивно задоволство со партнерот.

Терезија
Вашиот ентузијазам или големата смелост можат да бидат сфатени на различен начин. Затоа внимателно избирајте ги зборовите кои ги користите во друштво на вашите бизнис-партнери или во јавниот живот. Не правете си дополнителни проблеми на самите себе, доколку за тоа немате реална потреба.

Скорпија
Од работата имате големи очекувања, чијашто реализација повторно ќе мора да почека. Внимателно проценете ги потезите што ги влечете во средбата со соработниците. Добриот глас надалеку се слуша, така што позитивната реклама би можела да ви донесе и добар материјален успех. Некој постојано ја расипува вашата љубовна идила.

Стрелец
Се наоѓате во извонредна можност да напредувате на професионален план, па затоа не двоумете во прифаќањето на работните задачи. Одлучноста и упорноста секогаш носат позитивни резултати, затоа нема потреба за лажна скромност и бегање од фактите. Размислувајте за изборот кое лице би можело да одговори на вашата емотивна природа.

Јарец
Сосема ви е јасно дека некој постојано се обидува да ги загрози вашите материјални интереси кои се поврзани со работното место, но вашата упорност е посилна. Морате да се соочите со неповолната позиција и борбата во која ќе вложите многу, а ќе добиете малку. Употребете го вашето најголемо оружје-разумот.

Водолија
Доколку ви недостигаат точни информации за ситуацијата на вашето работно место, не избрзувајте со заклучоците и дозволете времето да ја реши енигмата околу вас. Сите проблеми се решаваат кога имате со кого да ги споделите. Бидете доволно нежни и суптилни пред партнерот, па не одбегнувајте да се препуштите на чувствата и емотивната инспирација.

Риби
Доколку некој се обиде да ја критикува вашата работа, покажете доволно сила и храброст да докажете дека не е така. Важно е да го подобрите вашиот рејтинг или да се приспособите на околината, со цел да имате соодветна улога во неа. При средбите со саканото лице, почитувајте го заедничкиот договор за кажување на вистината.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>