Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (26.11 – 01.12.2012)

Во период од 26-ти ноември до 01-ви декември на сцената на Драмски театар – Скопје ќе можете да ги погледнете следниве претстави:

2012 – ПОСЛЕДНИТЕ МАКЕДОНЦИ (27.11.2012 – вторник, 20:00 часот) на авторите Сашо Миленковски, Тихомир Спировски, Велика Стојкова – Серафимовска, Марко Коловски, Бојан Трифуновски, Љупчо Маневски, Снежана Балканска и Венко Серафимов. Во улоги на Билјана Беличанец – Алексиќ, Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Трајанка Илиева, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков и Игор Ангелов.

КАКО ДА ЈА УБИЕШ СОПРУГАТА И ЗОШТО (28.11.2012 – среда, 20:00 часот) од Антонио Амури во улога на Катерина Коцевска и Ѓокица Лукаревски.

ВРТЕЛЕШКА (29.11.2012 – четврток, 20:00 часот) од Артур Шницлер, во режија на Андреј Цветановски, Ирена Стеријовска, Иван Манасковски, Хана Миленковска, Теа Беговска. На сцената ќе имате можност да ги видите: Драгана Левенска, Зоран Љутков, Трајанка Илиева – Таци, Филип Трајковиќ, Маја Вељковиќ – Пановска, Рубенс Муратовски, Кристина Ласовска, Игор Ангелов, Билјана Беличанец – Алексиќ, Игор Стојчевски.

ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР (30.11.2012 – петок, 20:00 часот) од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски. На даските што живот значат ќе можете да ги видите: Драган Спасов, Билјана Беличанец – Алексиќ, Јана Стојановска / Ана Стојановска, Зоран Љутков, Мартин Јордановски, Роберт Вељановски, Сашо Тасевски, Маја Вељковиќ – Пановска и Билјана Драгичевиќ – Пројковска.


На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!

Напомена: Гратис картите важат единствено за денот во кој сте ги добиле!

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>