Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (23 – 29.05.2011)

Оваа недела, од 23.05 до 29.05.2011година, на репертоарот на Драмски театар – Скопје ќе имате можност да ги проследите следниве претстави:

Крвта не е вода (25.05.2011 – среда, 20:00 часот) од Сашо Колоканов, во режија на Сашо Миленковски. На сцената ќе ги видите Иван Петрушевски, Гораст Цветковски, Сашо Коцев, Игор Стојчевски, Билјана Беличанец -Алексиќ.

2012 – ПОСЛЕДНИТЕ МАКЕДОНЦИ (26.05.2011 – четврток, 20:00 часот) на авторите Сашо Миленковски, Тихомир Спировски, Велика Стојкова – Серафимовска, Марко Коловски, Бојан Трифуновски, Љупчо Маневски, Снежана Балканска и Венко Серафимов. Во улоги на Билјана Беличанец-Алексиќ, Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Трајанка Илиева, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков и Игор Ангелов.

Како да ја убиеш сопругата и зошто (27.05.2011 – четврток, 20:00 часот) од Антонио Амури во улога на Катерина Коцевска и Ѓокица Лукаревски.

Оваа недела, Драмски театар – Скопје ви доделува по две гратис карти за “Крвта не е вода” и “Како да ја убиеш сопругата и зошто”. Вашето име и презиме испратете го на gratisi@ilike.mk, а притоа напоменете која претстава би сакале да ја проследите. Доколку сте добитник на гратис билети ќе бидете известени по меил.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *